Таг: навивачи

Хаосот на мечот Марсеј - Галатасарај

На теренот во 2. коло од Лига Европа Марсеј и Галатасарај одиграа само 0-0, ама на трибините беше пеколно. Францускиот клуб допуштил влез на преку 5.000 турски навивачи кои биле сместени до најжестоката трибина со навивачи на Олимпик Марсеј.

Голем пречек за Меси од навивачите на ПСЖ

Аргентинскиот ас полека се опоравува од шокот по раскинот на договорот со Барселона и се запознава со новиот клуб, новите соиграчи, новите навивачи, новата управа. Пред стадионот „Парк на принцевите“ каде одржа прес-конференција како нов играч на ПСЖ, го пречекаа стотици ултраси на парискиот клуб.

Инвеститори од Арапски Емирати влегуваат во најанти-арапски клуб во Израел

2020-та не престанува да изненадува. Израелскиот Беитар соопшти дека управата почнала преговори со група инвеститори од ОАЕ (Обединети Арапски Емирати), како продолжение на нормализацијата на односите меѓу двете земји која се одвива деновиве под покровителство на САД.

Бруталност на партизановата трибина

Во втората четвртина од дербито на 7. коло во АБА лигата меѓу Партизан и Црвена звезда, на делот каде што седеше една од трите фракции навивачи на Партизан дојде до страотна тепачка. Полицијата интервенираше со задоцнување и на крај хаосот заврши после неколку минути.

Не Буенос Аирес, чекај да го видиш дербито на Казабланка

Во саботата вечер мароканските Раџа Казабланка и Видад се сретнаа во градското дерби на Казабланка. Ова е еден од најопасните натпревари на целиот континент Африка, а сигурно и пошироко.

Фото на денот со финскиот претседател

За време на еден од најинтересните натпревари од квалификациите претходниов викенд, Финска - Италија, претседателот на скандинавската земја Саули Нинисте (71) седеше на една од навивачките трибини (во црна јакна), со обичниот народ. На крајот Италијанците славеа 1-2 со гол од пенал.

Од каде потекнува оригиналот на мелодијата за песната „Само напред Вардаре“

Станува збор за еврејска љубовна песна која што првпат е изведена во 1955 година од Миријам Авигал. Мелосот станал толку популарен што оваа песна брзо се проширила на многу страни по светот.

Кога ќе кажете ова го има само на Балкан, размислете два пати

Грасхоперс e најтрофејниот фудбалски клуб во Швајцарија. Минатиот викенд испадна од лига првпат после цели 68 години, а навивачите насилно го прекинаа мечот и имаа барање до играчите.

Кумановци и Аеродромци (2014)

Со цел да се искорени употребата на ладни оружја од кои страдаат многу млади луѓе, навивачкиот свет веќе неколку години инсистира на машка, витешка пресметка со ривалите (народски со голи раце). Прва ваква фер договорена борба пред неколку години имаа Кумани од Куманово и навивачите на МЗТ Скопје „Фемили Аеродром“.

Последната желба пред смртта на еден стар навивач на Јувентус

77-годишниот Марио Стефанини починал минатиот четврток. Со оглед на тоа што цел живот навивал за Јувентус, на негово барање семејството околу капелата и црквата излепило некролози на кои пишувало кога ќе биде погребот и последната негова желба.

Како меѓу навивачите е создаден култот за брендот Stone Island?

Stone Island е дел од фудбалската култура уште од средината на ’80-те, кога англиските фудбалски навивачи го носеле овој бренд од Италија и Франција.

Како изгледа атмосферата на дерби во Алжир

Дерби натпревар е широк поим. Познато е дека ако одите по тури да ги посетувате, морници ќе ви лазат на вечното дерби во Рим, на Ѕвезда - Партизан во Белград, а посебно на она во Буенос Аирес. Во категоријата на нешто посебно влегува и ова дерби со величествен амбиент меѓу УСМ Алжир и МК Алжир. Да не верува човек дека ваква лудница може да има и во Алжир.

Автобусот на Бразил каменуван од гневни навивачи

Група бразилски хулигани го начекале на автопат автобусот на бразилската фудбалска репрезентација кој ги пренесувал играчите од аеродромот по слетувањето од Русија дома и го каменувале жестоко, револтирани од раната елиминација на Мундијалот.

Мексиканка не го пуштила мажот на Светско, другарите земале картонска фигура од него

На Светското секојдневно има многу интересни приказни и анегдоти, ама тоа што направиле другари на еден Мексиканец е ненадјебиво.

Витешка борба на водачите на навивачите на Левски и ЦСКА Софија

Еден на еден во ринг се пробаа лидерите на најхулиганските групи во Бугарија - водачот на Animals на ЦСКА Софија и водачот на Левски. Причина за тоа беше паролата на големото софиско дерби минатиот викенд.

И да победувате и да губите ние сме со вас

Ливерпул по пауза од 2008/2009 се враќа во четвртфиналната фаза од ЛШ. Тие му одржаа фудбалска лекција на Порто и го елиминираа со 5:0, а овие пак возвратија со фантастично тифо, се разбира во изведба на нивните верни навивачи кои грмеа и по мечот и претходно во кортео.

Ако можат во Белгија, зошто не и кај нас

Минатиот викенд почетокот на мечот од белгиското првенство меѓу Шарлоа и Остенде се одложил за неколку минути зошто домашните навивачи фрлија илјадници детски играчки и плишани мечиња на терен, посветени за децата од слабо имуќни семејства пред Божиќ.

Најдобриот дриблинг без топка

Не е Нејмар, не е Роналдо, ниту Меси, туку навивачот кој го принуди на космодиск цело обезбедување. Пазето го велеслаломов. 

Ја знаете ли индонезиската „И нека знае Јадранот“?

Не можеме да се кладиме дека ја слушнале од Аеродромците, иако навивачите на МЗТ Скопје тврдат дека не знаат кој освен нив ја преработил епската I beleive I can fly. Во секој случај како и да е, мелодијата е певлива и многу заразна.

Транспарент на денот

Во квалификациската група Е, Полска ја совлада Црна Гора со 4:2. Црногорците имаа храброст да одат на гостување каде ако не седиш мадро, сигурно ќе носиш модро, а шегите одат до таму што се вели дека спиеле надвор од Полска и потоа со полициска придружба заминале на стадион.

Најјаката навивачка кореографија

Играа Копенхаген - Брондби на 4. мај 2014. Ова е најголемо градско дерби во Данскиот фудбал. Домашните навивачи на клубот кој летово загуби во Скопје од Вардар направија сензационална кореографија на која може да им завидат и во Кореја.

Навивачите на Марибор спасиле од затвор противнички хулиган

Дуелот од 1. коло во Лига на шампиони меѓу Марибор и Спартак Москва го одбележаа неколку сериозни инциденти меѓу навивачите и полицијата, а од целата бесмисленост на крајот излезе приказна со среќен крај.

Зига зага напред Алжир

Одиме на трибините за кои малку знаеме каква фудбалска култура имаат. Се работи за фудбалскиот клуб МК Алжир, најтрофејниот во истоимената земја со 7 титули и прв клуб од Алжир кој го има освоено Африканскиот Куп на шампиони. Ова не е за потценување, туку напротив, баш е фино да се доживее.