- Познатиот италијански инсајдер, Фабрицио Романо објави дека Реал Мадрид соопштил дека покренал обвинение во Јавното Обвинителство во Шпанија за делата омраза, дискриминација и расизам од страна на навивачите за време на натпреварите Барселона - Наполи на „Монтжуик“ и Атлетико Мадрид - Интер на „Метрополитано“ во Лига на шампиони.
- Реал бара од обвинителството да ги идентификува лицата кои извикувале навреди и расистички скандирања кон нивниот фудбалер Винисиус Жуниор.
- Навивачите ширум Шпанија, а посебно оние на Атлетико Мадрид и Валенсија редовно го навредуваат Винисиус кој не им останува должен и постојано им враќа. Коментарите на навивачите кои се во судир со бразилскиот фудбалер најчесто се дека тие не се расисти затоа што во Реал Мадрид играат многу други црномурни фудбалери, а никој не е навредуван на расна основа и дека проблемот лежи во односот на Винисиус.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.
- Грчкиот повеќекратен шампион игра чудесна сезона и се пласираше во финале на Лига Конференции, прво историско финале на еврокуп за клубот од Пиреја.
- За нивна среќа, финалето се игра во Атина, на новиот ултра-модерен стадион на АЕК. Противник ќе им биде Фиорентина, а УЕФА на двата клуба им распределила по 9.000 влезници. Иако е повеќе од јасно дека Олимпијакос лесно би можел да наполни три стадиони, а не еден за ова финале, управата на клубот помислила на најверните.
- Во осминафиналето Олимпијакос дома доживеа дебакл 1-4 против Макаби Тел Авив. Реваншот се играше во српскиот град Бачка Топола поради тоа што УЕФА не допушта одигрување натпревари во воена зона па Макаби беше домаќин во Србија а не во Израел.
- Речиси никој не верувал во чудо па само 49 навивачи на Олимпијакос допатувале на реваншот. Црвено-белите славеа 1-6 и се пласираа во следна фаза, а Олимпијакос сега ги наградува тие 49 души со карти за големото историско финале.