Дончиќ блесна со трипл дабл, Далас поведе со 3:2

По Денвер и Њујорк, сега и Далас има водство од 3:2 и сите три екипи се на една победа до конференциско финале. Бостон ја заврши работата со 4:1.

Далас Маверикс се на една победа до финале во Западната конференција, каде големи се шансите да гледаме дуел меѓу другарите Дончиќ и Јокиќ.

Словенечниот ас беше незапирлив во петтата пресметка против Оклахома која ја декласираше со 31 поен, 10 скока и 11 асистенции.

Дерик Џонс Џуниор постигна 19 поени, а најдобар во поразениот тим беше Шеј Гилџус – Александер со 30 поени, 6 скока и 8 асистенции.

Маерикс водеа во текот на целиот натпревар, во еден момент имаа максимални +18, а Оклахома максимумот што го направи беше кога ја стопи разликата на -7. Конечниот резултат е 104:92

16 мај 2024 - 08:19