Тони Паркер најдобар на Евробаскетот

За најкорисен играч на Европското кошаркарско првенство во Словенија е прогласен предводникот на новиот шампион, Тони Паркер, а тој се најде и во идеалната петорка на натпреварувањето.

Со 19,5 поени, 2,1 скок и 3,3 асистенции по натпревар, Тони Паркер ја предводеше Франција до европскиот трон и нивното прво злато во историјата. Тој сосема заслужено го доби и признанието за најкорисен играч на првенството.

Освен МВП признанието, Паркер беше избран и во идеалната петорка на првенството каде покрај него се наоѓаат и Горан Драгич од Словенија, Бојан Богдановиќ од Хрватска, Линас Клеиза од Литванија и Марк Гасол од Шпанија.

Во финалето на Европското кошаркарско првенство Франција славеше лесна победа над Литванија од 80:66, а во натпреварот за третото место Шпанија ја совлада Хрватска со 92:66.

23 септември 2013 - 08:33