Таг: мвп

Јокиќ во гужва, неговите браќа сакаа да влетаат во терен

Никола Јокиќ не можеше сам. Откако ги одигра буквално сите натпревари во регуларниот дел и стигна до полуфиналето на Западна конференција, таму Феникс Санс го демолираше Денвер со 4-0.

Никола Јокиќ искрено за тоа што помислил на првиот тренинг во НБА

Никола е роден на 19 февруари 1995 година во Сомбор. Има 26 години. Почнува да тренира во Војводина од Нови Сад, па после во Мега. На 20 години од Мега Баскет преку НБА драфтот оди во Денвер Нагетс. И во една прилика раскажа што помислил кога излегол на паркет на првиот тренинг.

Јокиќ скромно ја прими веста дека ја добива наградата МВП

Центарот на Денвер Никола Јокиќ дозна дека е избран за МВП на сезоната 2020/2021 од комесарот на НБА Адам Силвер за време на еден состанок со тимот. Силвер со видео повик ја соопшти веста, а тренерот на Нагетс Мајкл Мелоун додаде дека Јокиќ станал прв МВП во историјата на клубот и прв МВП во НБА биран во втора рунда на драфт.

Никола Јокиќ е МВП!

За најдобар кошаркар на регуларниот дел од сезоната во НБА е избран центарот на Денвер Нагетс кој заслужено ја добива наградата во силна конкуренција со Стеф Кари и Жоел Ембид.

МВП и шампион на Евролига со препознатлив кафански хит

Додека неговиот репрезентативен колега Никола Јокиќ ја чека МВП наградата за најдобар играч во НБА, Василије Мициќ вечерва го доби ова признание за најдобар кошаркар во Евролигата. Со неговиот Ефес Пилсен ја освои првата титула во Евролигата, постигна 25 поени во финале против Барселона и запеа песна со актерот Дарко Периќ (ликот Хелсинки од серијата Ла Каза де Папел).

Ефес е на врвот на Европа, Мициќ и Ларкин ја урнаа Барселона

Кошаркарите на Ефес Пилсен по првпат во историјата го освоија највредниот трофеј во европската кошарка откако вечерва со 86:81 ја совладаа Барса. МВП на сезоната и на Фајнл Фор е Василије Мициќ кој растури и во финалето.

Јокиќ го скроти Портланд во плејофот со врвна партија, Дејвис го носи Лејкерс

Синоќа во НБА се одиграа три меча од плејофот. Победи славеа Милвоки Бакс кој е на чекор да го „измете“ Мајами Хит, Лејкерс и Денвер Нагетс.

Спектаклот на најчудниот Ол Стар меч во 21-от век

Поради падната гледаност на најголемото кошаркарско шоу на светот, луѓето од НБА лигата решија да направат неколку промени во правилата на овој ревијален натпревар, со цел да го направат понатпреварувачки и подраматичен. Излезе фантастично зошто се јадеа до крај.

Дерик Роуз е жив - постигна рекордни 50 поени и се расплака

Еден од најталентираните кошаркари во современата историја на НБА, Дерик Роуз, кој беше МВП во 2011-та, после години и години тешки повреди, синоќа ја одигра партијата на кариерата и доби честитки од соиграчите и ривалите.

Црниот Грк што прави чуда во НБА

Неверојатна атлета со експлозивност каква што НБА скоро не видела, грчкиот репрезентативец уште на самиот старт на сезоната е означен како главен фаворит за МВП титулата за најдобар играч на крајот.

Најемотивниот говор во историјата на НБА - Дурент до мајка му

Кога во сезоната 2013/2014 го избраа за најдобар играч во регуларниот дел на НБА и ја понесе наградата МВП, Кевин Дурент признанието ѝ го посвети на мајка му. Со неа ја славеше и првата освоена титула во кариерата.

Драмско сценарио со среќен крај за МВП Кевин Дурент

Го хејтаа, го напаѓаа зошто ја предаде Оклахома и отиде на готово да освои титула, но Дурент им докажа на сите дека е неверојатен кошаркар кој заслужено го освои прстенот и МВП наградата. „Ова е МВП и за момците од клупата, не е само мој“.

Коби замина во легендата со 60 постигнати коша

Еден од најдобрите играчи на светот се прости од омилената игра на начин на којшто им доликува само на великаните. Уфрли 60 поени и одржа емотивен говор по триумфот со Јута Џез.

10 најдобри моменти во кариерата на Ајверсон

Го викаа The answer/Одговорот, затоа што имаше одговор на секоја противничка одбрана. Си поигруваше со најдобрите дефанзивци во НБА и ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на оваа лига.

Расел Вестбрук е дефиниција за трипл-дабл учинок

Кошаркарот кој ја освои МВП наградата за најдобар играч на неодамнешниот Ол-Стар, по петти пат на последните шест натпревари стигна до трипл-дабл учинок. Неговите Оклахома Сити Тандер синоќа славеа против Торонто 108:104.

Леброн Џејмс изброи до 30 години

Што направи Леброн Џемјс пред да наполни 30 години? 2 пати ја освои титулата во НБА, 2 пати беше МВП на финалето, 4 пати беше МВП на НБА лигата 10 пати беше учесник на Ол-стар натпреварите, 2 пати беше МВП на Ол-стар натпреварите, Руки на годината, најдобар стрелец во историјата на Кливленд Кавалирс, 2 пати олимписки шампион.

Тони Паркер најдобар на Евробаскетот

За најкорисен играч на Европското кошаркарско првенство во Словенија е прогласен предводникот на новиот шампион, Тони Паркер, а тој се најде и во идеалната петорка на натпреварувањето.