Зошто Ламела од „Градски“ почна да игра со различни копачки

Репрезентативецот на Аргентина и добар другар на Меси, со гол го отвори мечот во Скопје меѓу Шкендија и Тотенхем, а набрзо од клупата побара да му ги сменат копачките. Веќе неколку меча игра со различни. Зошто?

Тотенхем и Челси во вторникот одиграа интерсен меч во англискиот Лига Куп: Мурињо се спречка со Лампард, Ерик Дајер истрча во тоалет на сред противничка контра, па се врати и го прогласија за играч на натпреварот. Но имаше уште еден занимлив момент: Ерик Ламела играше во различни копачки со кој дури и даде гол а реализираше и пенал во серијата

Ламела беше еден од подобрите во тимот на Мурињо и ги спаси од пораз па го однесе мечот во пенал-рулет. На левата нога Аргентинецот носеше ултра модерен модел Adidas Copa 19.1, а не десната копачка Adidas F50 Adizero 2012.

После натпреварот го прашаа зошто игра во различни копачки и да не е суеверен?

„Не, не. Имам проблеми со десната нога. Затоа adidas за мене прави нови копачки. Ми ветија дека задутре ќе ми ги донесат, па затоа уште играм во овие“, одговорил Ламела.

Инаку проблемите на Ерик му се јавиле на мечот од Лига Европа со Шкендија во Скопје. Аргентинецот тука на арената „Тоше Проески“ постигна гол уште во 5’ минута за 0-1 (носеше пар копачки Adidas F50 Adizero 2012 и 2013), но после 20 минути во Скопје побара да ги смени првичните копачки со кои истрча на терен, зошто го стегала десната.

Му дадоа резервни жолти Adidas F50 Adizero TRX од кенгурска кожа, но Аргентинецот ја облече само левата.

Минатиот викенд на меч од Премиер лига против Њукасл (1:1), Ламела влезе од клупата за резерви и веднаш играше со пар различни копачки. Комплетот му беше ист како оној против Челси: сина копачка Copa на левата нога и Adizero на десната нога.

Ѕвездата на Тотенхем минатата сезона воопшто не ги користел моделите кои ги носи сезонава и ако може да му се верува на сајтот Footyheadlines, adidas за Ерик веќе прави втор модел копачки син модел Copa 19.1, едните веќе ги носел во пред-сезоната.

1 октомври 2020 - 11:52