Таг: адидас

Им го посветувам медалов на Пума и Адидас, викаа не сум бил добар

Жорж Фонсека е џудист (или ако сакате поправилно џудока) од Португалија. Првпат на Олимписки Игри во категоријата до 100 килограми се појави во 2016-та каде испадна во втора рунда. Во 2019 и 2021 освојувал злато на Светските првенства во џудо во Токио и Будимпешта. Во Токио летово освои бронзен медал.

Зошто Ламела од „Градски“ почна да игра со различни копачки

Репрезентативецот на Аргентина и добар другар на Меси, со гол го отвори мечот во Скопје меѓу Шкендија и Тотенхем, а набрзо од клупата побара да му ги сменат копачките. Веќе неколку меча игра со различни. Зошто?

За да му удоволи на американскиот пазар, Јуве ги тргна 116 години старите штрафти

Официјалната домашна варијанта на дрес на Јувентус за новата сезона 2019/2020 ја претставија овој месец, но на интернет се зборува за неа уште од минатата есен. Навивачите поделени.

На дизајнерот на логото Puma му нуделе доживотен процент, тој побарал само патики и ранец

Лутц Бакес, германскиот карикатурист којшто во зоолошка градина ја насликал првата скица за логото за гигантот Puma и кој после сè, останал цврсто на земја иако можел да заработи милиони евра.

Зидан и Бекам во реклама за ретро копачки

Како дел од прославата на јубилејот 25 години од првите Adidas Predator легендарни копачки, Дејвид Бекам и Зинедин Зидан бираа кому да подарат таков пар копачки.

Скандалот на Adidas со бели патики за време на Месецот на црнечката култура

Од сосема добра идеја и замисла, до тотална белја. Социјалните мрежи беснееле на ваквиот гест од германскиот гигант, па adidas бил принуден да се извини и да ги повлече од продажба патиките.

Си се заиграл со Меси, Зидан, Лампард, Кака, а те викаат одма дома да одиш

Што знаат дома кои се најголемите ѕвезди на фудбалот во последните 50 години? А малиот Хозе таман се заигра.

Тони Крос - кралот на старата школа кој 4 години носи исти копачки

Додека неговите соиграчи а и многу други фудбалери на денешницата се свилени и носат розеви и жолти копачки облепени со Swarowski кристали, Тони Крос синоќа против Шведска даде еврогол во копачки стари четири години.

„Нема веќе фудбал како легендарниот Танго“ - голманите се жалат од топката за СП 2018

Пар светски врвни голмани се пожалија за квалитетот на официјалната фудбалска топка со која ќе се игра Светското во Русија. А не се први вакви поплаки за топка.

Во Бундеслига веќе нема да се игра со топки Adidas

Најпознатиот германски производител на спортска опрема веќе нема да доставува фудбалски топки за најголемиот спортски турнир во Германија.

Врвната реклама за малиот Пол Погба

Французинот летово стана најскапо платениот фудбалер во историјата на фудбалот откако Манчестер Јунајтед го купи од Јувентус. Дресот на Погба е еден од најпродаваните во светот, а неговиот спонзор Адидас направи врвна реклама која ги опфаќа неговите почетоци.

Адидас ја згреши самогласката на Колумбија

Луѓе сме - грешиме, можеби е најисправна досетка за огромниот пропуст кој го направи гигантот за спортска опрема Адидас во врска со Јужноамериканската репрезентација која има две победи на два меча на Копа Америка за сега.

Адидас го аутсорсираше производството од Кина во Германија

По две децении откако ги затвори фабриките во Германија и го пресели производството во Азија и посебно Кина, Адидас реши дека сега сè враќа назад. Кој е може да има поевтина работна рака од Кинез? Робот.

Нека не ве чуди, Бразилец е

Во рамките на Адидас фристајл кампањата, Марсело ги покажа своите технички способности учени на Копакабана во Бразил и уште еднаш докажа дека фудбалерите од оваа земја се потпишуваат со топката.

Најпаметната фудбалска топка

Адидас ја претстави најновата топка за која се смета дека е иднината на фудбалот. Има вграден сензор и на играчите може да им даде фидбек со информации за ударот на мобилен телефон. Кафу ја шутнал со брзина од 130км на час.

Како технологијата ѝ помогна на Германија на Мундијалот

88 минута од финалето во Бразил, Германија и Аргентина се 0-0, Јоаким Лев во игра го внесува Марио Геце на местото на Мирослав Клосе. Марио Геце во 113-та минута го дава победничкиот гол. Геце станува национален херој, Лев станува фудбалски гениј. Никој не го споменува Дарси Норман, аналитичар на податоци кој работи со германската репрезентација.

Да се заборави Светското и автобусот на Франција

Бразилците се спремија за Мундијалот со атрактивен шарен Боинг, а Французите ги мачат лоши спомени од Јужна Африка и се обидуваат да ги избришат, па се решија да го уништат автобусот за да не им носи малер.

Рекламите за Светско првенство

Најк нè остави без зборови со нивната извонредна реклама за Светското првенство во Бразил која руши рекорди по гледаност на Јутјуб, но не им е прв пат. И за претходните Мундијали тие имаа подготвено неверојатни реклами со најголемите ѕвезди, со исклучок на 2006-та кога подобри беа Адидас.

Светско првенство помеѓу Најк и Адидас

Мундијалот во Бразил нема да биде само битка помеѓу 32 нации, туку и натпревар помеѓу двете најголеми мултинационални спортски компании Најк и Адидас кои ќе се борат за што поголемa промоција пред светот..

Историски ден во еволуцијата на копачките

Денот кога ние го славиме нашиот втор роденден, стана и историски ден во еволуцијата на фудбалските копачки. Во ист ден Адидас и Најк промовираа нов вид на копачки со чорапи.