Адидас го аутсорсираше производството од Кина во Германија

По две децении откако ги затвори фабриките во Германија и го пресели производството во Азија и посебно Кина, Адидас реши дека сега сè враќа назад. Кој е може да има поевтина работна рака од Кинез? Робот.

Компанијата ја презентираше својата "Спидфактори" во јужниот германски град Ансбах. Фабриката е со површина од 4.600 метри квадратни, роботизирана е и со автоматизирано производство (ама не комплетно), за разлика од рачното производство во фабриките во Азија во кои Адидас до сега се произведуваше. Масовното производство во фабриката ќе започне во 2017-та.

Тест серијата од 500 пара патики од фабриката ќе биде во продажба кон крајот на 2016-та, а масовното производство е закажано за следната година. Од Адидас најавија дека е можно во истата фабрика да се произведуваат и дресовите на фудбалската репрезентација на Германија.

Адидас во последните години се бори со растечките плати низ Азија каде вработува околу еден милион луѓе. Од Адидас тврдат дека крајната цел не им е "целосна автоматизација". Шест најголеми кинески производители на опрема за Адидас, одбиле да дадат каков било коментар во врска со одлуката на компанијата.

Иста фабрика компанијата планира да отвори и во САД во 2017-та, по што би следувале и погони во Британија и Франција.

Минатата година Адидас произведе 301 милион пара патики, бројка која до 2020 планираат да се зголеми за 10%.

25 мај 2016 - 09:39