Уште една епизода на Фергусон со копачки

Првата е со Бекам на кој му ја удри во глава во соблекувална, а потоа фудбалската икона си замина, а втората се однесува на Диего Форлан кој не сакал да ги облече тие што биле по мерка на шкотскиот стратег.

Диего Форлан настапуваше на Олд Трафорд од 2002 до 2004-та, но на 63 средби во Премиер лигата постигна само 10 гола, премалку за напаѓач од таков калибар. Уругваецот открива како завршила неговата авантура во Манчестер Јунајтед.

„Сер Алекс Фергусон од мене побара да облечам копачки со високи крампони, такви какви што одговараат на влажни терени, но јас се чувствував подобро со ниски. Се сложив да ги сменам копачките, но не го направив тоа. На мечот против Челси се лизнав пред гол и не искористив шанса за гол. Потоа кога сакав да ги сменам копачките во соблекувална, Фергусон ме фати, ги зграпчи копачките и ги фрли. Тоа беше мојот последен меч за Манчестер“, вели Форлан.

Тој освои Премиер лига и ФА куп, а навивачите на Јунајтед никогаш нема да му ги заборават овие два гола со кои го расплака Енфилд Роуд. Поради тоа доби и песна:

 “He came from Uruguay, he made the Scousers cry”

4 јануари 2016 - 16:15