Денвер на нозе, Јокиќ ја прими МВП наградата

Во 4 години Никола Јокиќ освојува 4 МВП признанија. Три пати го прогласуваат за играч на сезоната (2021, 2022, 2024) и еднаш за најдобар во финалната серија (2023). Влезе во најелитното друштво на 9 легендарни кошаркари со минимум три МВП награди. Пред да ја раскантаат Минесота, имаше куса церемонија. 

„Се смеам, што можам друго да направам. Не можам да бидам бесен. Тој е МВП. Треба цвеќе да му дадам. Вечерва беше посебен“, изјави Ентони Едвардс.

Изработија и специјална МВП маица со неговиот лик.

Добро утро со 40 поени на Јокиќ и нов триумф на шампионот Денвер 

15 мај 2024 - 08:28