Што направија Италијаните кога последен пат играа три европски финалиња во една сезона?

Скорот им е 2 од 3, што е извонреден успех со оглед на тоа што во иста година освоија Лига на шампиони и Куп на УЕФА. Третото по ранг клупско европско натпреварување го загубија. Пази, од Арсенал.

Сезонава не е прва во историјата за Италија со три европски претставници во финале. Статистиката вели дека тоа претходно се случило во сезоната 1993/1994.

Со тоа што има една разлика.

Третото натпреварување тогаш беше Куп на Куповите на победниците, каде на европска сцена се натпреваруваа освојувачите на националните купови, а од лани трето европско натпреварување е Конференциската лига во која играат седмопласираните екипи од првенствата.

На меѓународна сцена пред речиси три децении во тоа време беа Милан, Интер и Парма. Да, Парма тогаш беше јака.

Лига на шампиони: МИЛАН - БАРСЕЛОНА 4:0

Финалето на Милан во Атина веројатно нема постар навивач на Милан кој не го памети и не му е при срце. 

Прво бидејќи беше декласирана Барселона предводена од Јохан Кројф. Второ затоа што миленикот Дејо Савичевиќ го матираше Зубизарета со лоб кој не се гледа во секое финале. Едноставно ги здробија, а Милан тогаш беше многу јак со Капело.

Да не почнуваме да го редиме составот. Ќе ги видите на фотографиите, а потоа и формациски сите што го почнаа мечот.

Куп на УЕФА: АВСТРИЈА САЛЦБУРГ - ИНТЕР 0:1

Неполн месец пред Милан да стане европски првак, во Виена се радуваше нивниот градски ривал. Мечот го реши Никола Берти, а меѓу славните играчи беа Денис Бергкамп, Валтер Ѕенга, капитенот Бергоми.

На англиската Википедија стои дека овој трофеј го освоил и Дарко Панчев, ама грешна им е информацијата. Кобра таа сезона 1993/1994 беше пратен на позајмица во Лајпциг, а потоа следната се врати во Милано.

Куп на Купови на победници: АРСЕНАЛ - ПАРМА 1:0

Третото и подзаборавено финале со кое претставниците од Серија А не успеале да направат хет-трик е она во Копенхаген.

И оваа финална битка е решена со еден гол, дело на Алан Мартин Смит. Toa e практично и последниот и единствен европски трофеј на Топџиите. 

Зад успехот стојат познатите Дејвид Симан и Тони Адамс, а ги води Џорџ Грем. Арсен Венгер доаѓа две години подоцна. За Парма во напад играа легендарните Асприља и Ѕола, а на клупа го има Марко Балота.

Сезонава почнувајќи од вечерва:

Лига на шампиони 10 јуни: Манчестер Сити - Интер
Лига Европа 31 мај: Севиља - Рома
Конференциска лига 7 јуни: Фиорентина - Вест Хем

Calcio is back!

31 мај 2023 - 15:14