таг: милан

10 години од одмаздата на Милан во Атина

На 25 мај 2005-та им се случи кошмар во Истанбул кога од готово направија вересија, а две години потоа на 23 мај 2007-ма му возвратија на Ливерпул со два гола на Пипо Инѕаги. По пауза од 3 години, 10 месеци и 12 дена Милан се враќа во Европа, ама во квалификациите за Лига Европа. Повеќе

Џампаоло Пацини ја врати Верона во Серија А

Талентот кој го поседуваше во легендарната генерација на Аталанта, Пацини подоцна во кариерата го демонстрираше во повеќе италијански клубови. Раатот го најде во Верона на која што ѝ донесе експресно враќање во најдобрата лига и стана идол на тифозите. Повеќе

23 години од лекцијата на Милан против Барса

На денешен ден во 1994. година, на Олимпискиот стадион во Атина Милан со 4:0 ја декласираше Барселона во финалето на Лигата на шампионите. Четата предводена од Капело: Роси, Тасоти, Панучи, Албертини, Гали, Малдини, Донадони, Десаи, Бобан, Савичевиќ и Масаро, одиграа незаборавен меч. Повеќе

Денот кога Милан 6 пати го расплака Интер

11 мај 2001-ва е дефинитивно датум на навивачите на Милан кои доживотно ќе ги реметат градските ривали за дебаклот кој ретко се гледа во градско дерби. На семафорот стоеше 0:6, болно за Интеристите. Во канонадата од голови учествуваа по два пати Командини и Шевченко и по еднаш Џунти и Сержињо. Неповторливо. Повеќе

Незаборавниот слалом на Веа

Знаете ли кој е првиот Африканец кој освои Златната топка? Жорж Веа, поранешниот напаѓач на Милан кој играше за Милан пет сезони, а во 1995-та го победи Клинсман во трката за најдобар играч во Европа. На средбата против Верона ја прибра топката на своја половина, а потоа рече кој ве врти, можам сам против сите. Коментар на Тициано Крудели, тој со бркот што урла кога Милан ќе даде гол. Повеќе

Бегаат ли Интер и Милан од Лига Европа?

Фудбалерите на Милан веќе месец дена немаат победа во Серија А, Интер скоро два, а заедничко за двете екипи е што имаат газди од Кина. Можно ли е овие тајкуни намерно да го избегнуваат второто по ранг клупско европско натпреварување за свои бизнис интереси? Повеќе

Мистер Анчелоти е кралот на Европа

Еден од најтрофејните светски тренери, Карло Анчелоти направи редок подвиг откако стана првиот тренер во историјата на фудбалот кој освојувал титули во четири од петте најдобри европски лиги. Повеќе

Миланисти, Пирло има да ви каже нешто

Носталгичари за оној Милан од кој до пред неколку години не можеше секој да го облече дресот, ќе ве потсетиме на еден од најубавите или можеби најубав гол на Пирло кој шутираше од соблекувална. Од тука обично дава топки со очи, ама овој пат направи исклучок и ги остави без зборови Ибрахимовиќ и Роналдињо. Повеќе

Голот на Запата прославен во милански бар

Сцена за театарска претстава: Во маалски кафич градското дерби Интер - Милан го гледа и старо и младо. Кога Колумбиецот погоди за 2-2 се чекаше неколку секунди да се види дали е гол. А тие секунди за нив значат цела вечност. Повеќе