Милан елиминиран во Куп со смешен пенал

Милан ја загуби четвртфиналната битка во Купот на Италија од Аталанта со 1:2 и покрај тоа што поведе со голот на Леао. Двата гола за гостите ги постигна Теун Купмајнерс, вториот од пенал, кој изгледа на непостоечки. Но не е само тој момент спорен. Судијата синоќа по сè изгледа ги измешал брзините со пеналите.

Поранешниот судија Грацијано Чезари во студио после мечот објаснува дека фудбалерот на Аталанта сам почнува да паѓа, што не е дека не се забележува.

Италијанците вртат уште две видеа според кои и двете екипи требале да добијат по еден пенал. Играњето со рака на играч на Аталанта.

Како и ова туркање на двајца фудбалери на Милан кои во сендвич го ставија противникот.

Мајтап на сметка на судијата направија со овој пад на Леао, кој како можел да не биде досуден за пенал?

11 јануари 2024 - 10:04