Таг: милан

Рекорден ќар од карти за Милан и Италија

По пауза од 9 години, Милан се радува на кам бек со победа во нокаут фаза во ЛШ, со која остварија на чизмата до сега невидени бројки во пари.

Кои трансфери се сомнителни во Јувентус, но и во Интер, Милан, Наполи, Лил?

Од 62 трансфери кои предизвикуваат сомнеж кај италијанската федерација и органите на прогонот, дури 42 ги извршил Јувентус. Кјелини за време на короната наводно договорил пари под маса за цел тим, а Де Лихт и Де Шиљо испраќале скриншотови од разговори во полиција и обвинителство.

Милан доби пенал после неверојатно аматерска грешка

На првенствен меч меѓу младинците на Милан и Верона, кои се борат еден ден да стигнат до Серија А, се случи кикс кој не проаѓа ниту на маалски турнир. Еден од гостите во обид да ја изведе, ја намести топката со рака откако веќе тоа го направи голманот.

А после се сакате по дома?

Милан имаше водство против Рома од 2:0, ама во 87-ма и 93-та Рома стигна до конечни 2:2. На некој му текнало да сними и една ваква сцена за време на израмнувањето.

Леао ги помина Рики и компанија како на тренинг, Динамо со дебакл се простува од ЛШ

Сензацијата на Динамо Загреб против Челси, очигледно само ги залажа Хрватите дека можат до осминафинале во ЛШ. Италијанскиот шампион ги суреди со 0:4 и за пласман во нокаут фаза, доволно им е реми против Салцбург во последно коло. Со дебакл и елиминација се соочи и Јуве, а пораз смееше да си дозволи европскиот првак Реал. Седумка на ПСЖ.

Уште се тресе пречката на Калулу на Сан Сиро

Милан викендов го забележа првиот пораз сезонава во Серија А од Наполи со 1:2. На 5 минути до крајот пропуштија шанса која сите ја видоа во гол. Шутираше дефанзивецот Пјер Калулу.

Хулигани на Милан демолираа сендвичара, вработената вришти без престан

Не само што ја кршат насилнички, туку потоа и се пентарат на излог и ги напаѓаат вработените. Нездрава работа. Инаку ова се случува ноќта кога играа Милан и Динамо во ЛШ. Од страна ни полиција ни бутур, само луѓе за сеир.

100-ти европски настап за Адеми, мајсторска асистенција на Петковиќ, победа на Милан

Гостувањето на Сан Сиро беше преголем залак за Динамо Загреб да направи уште една сензација во ЛШ после триумфот дома против Челси. Милан беше подобар со 3:1. Атрактивно додавање на Петковиќ до Оршиќ кој погоди за 2:1. Јубилеј за Аријан Адеми кој е рекордер во историјата на Динамо со 100 настапи во Европа.

Кои клубови имаат најмногу навивачи во Италија?

Се работи за скокотлива и омилена тема, најмногу за навивачите кои водат битки на Фејсбук. Овој пат е претставена на мапа која е направена според тоа за кои екипи се навива најмногу по региони. Води најтрофејниот италијански клуб Јувентус, кој и покрај тоа што е од север, има најголена фан база на југот. По нив се двете екипи од Милано.

Разликата на славење титула во Милано и Манчестер

Наративот на оние кои упорно верглаат дека англиско е најјако, а италијанско тапа е по малку неоснован муабет со субјективност во ставовите. Тие што ја држат обратната теза може да се фатат за овие разлики, па да прашаат, а сега каде гледате поголема навивачка страст, во Милано или Манчестер? Така што, релативна работа е тоа дечки, па дури би рекле и непотребно правење споредби. Не умира шмекот на италијанско, ај ти. Секој со своите страсти и симпатии.

Ибра го гаѓаше Жиру со прслук, а Тео ги палеше навивачите да пејат против Чалханоглу

Милано е во транс откако шампионите се вратија од гостувањето против Сасуоло каде го заверија Скудетото број 19. Душа му извадија на Хакан, а играчите држеа и транспарент насочен кон градските ривали за кои се отвори истрага.

Кој е шампион ако Интер и Милан завршат со ист број на бодови?

Во недела, на 22 мај, во Милано и оваа година ќе има фешта за Скудетото, само уште да се официјализира кој ќе го освои. Милан 83, Интер 81.

Како заврши сезоната за Интер и Милан кога Јуве последен пат остана без трофеј

Пред ја почне низата од 9 Скудета во низа, Јувентус во сезоната 2010/2011 не успеа да освои трофеј. Купот заврши кај Интер, а Скудетото кај Милан. Сезонава историјата ќе се повтори?

Да помине Хозе Мари од Милан на улица, нема шанси да го препознаете

Не беше некоја светска класа на напаѓач, ама беше познат и тој што следи италијанско 20 години, сигурно ќе се сети кој е. Ама мора да го види во дрес на Милан, инаку ништо.

Пеколните 22 дена за Интер и Милан

Не се сеќаваме последен пат кога сме го гледале миланското дерби во трка за Скудетото. Трка под притисок, стрес и голема неизвесност која може да ја гледаме до последно коло. Сега Милан е тој што зависи самиот од себе. Ако не киксне ни еднаш, ќе ја врати радоста кај навивачите по пауза од 11 години.

Лудачки пречек за тимот на навивачите на Милан

Синоќа во Милано беше фудбалски празник. Ги гледаш снимките и не ти е јасно дали клупскиот автобус оди на стадион за утакмица или се враќа после освоена Лига на шампиони.

Бев да ја победам Рома, па сега накај дома со трамвај

Да разбиеме малку од лакрдијата околу Ѓоковиќ. Гледавте ли за празниците италијанско? Кога кај нас е Бадник, во Италија секогаш се паѓа да се игра првото коло во годината. А таму едно дете фати трамвај до стадион, па потоа од стадион право дома. Ама не како гледач, туку како голман.

Навивачите на Венеција и Милан водеа војна на вода

На стадионот Пјерлуиџи Пенцо има опција да се стигне со брод. Навивачи на Милан се решија за таква авантура, ама наидоа на домаќините, па настана необичен судир зачинет со пиротехничко шоу. Инаку Венеција - Милан заврши 0:3.

Голот на Елмас со кој го покори седумкратниот првак на Европа среде Сан Сиро

Само 10 дена откако со два комада го однесе Наполи во нокаут фазата од ЛЕ, Елиф Елмас е главен протагонист и на дербито на колото во Серија А, кое го реши со еден потег.

Милан, Атлетико или Порто? На кој што му треба за осминафинале

Последното коло од групната фаза во ЛШ вечерва стартува со групите А, Б, Ц и Д. Следете ја само ситуацијата во групата Б, бидејќи само таму нема разврска. Се очекува да биде драматична бидејќи три големи екипи ќе се борат за едно место. Може да реши и меѓусебен дуел.

Сите комбинаторики за Милан или Атлетико Мадрид да стигне до осминафинале

Само Б групата од синоќешните четири ќе добие разврска во последното коло од ЛШ. Таму Ливерпул е сигурен патник, а битка за втората позиција ќе бијат сите останати екипи. Многу е тесно и неизвесно.

Јунакот на Милан кој го сруши Атлетико, на 25 години играл за годишна плата од 1.500 евра

Се вика Жуниор, како и еден куп Бразилци, а се превиза Месиас. Интересно презиме, особено ако ги прочитате одвоено првите четири и последните две букви. Каква бајка му се случува во животот. Па зарем успеал да склопи око синоќа?