Како од 80 милионски договор во НБА, можеш да спаднеш на 10.000 месечно во Грција?

Не е сè така розово во НБА, особено не за ликови кои не знаат да изберат девојка или можеби не знаат како во врска.

Ви значи ли нешто името Кевин Портер Јуниор?

Пример за пропалитет кој до вчера беше дел од најголемата, најславна и најбогата кошаркарска сцена во светот, а сега игра кошарка на 250 км од Скопје на скроз друго ниво.

Се работи за плејмејкер роден во 2000-та година и кој во 2019-та беше дел од НБА драфтот. Има една сезона во Кливленд и уште три во Хјустон.

Минутажата во просек му била 30,2 минути по натпревар во кои имал 15,3 поени, 5 скока и 4,3 асистенции.

Во октомври 2022-ра Портер ставил потпис со Рокетси на четиригодишен договор вреден 82,5 милиони долари, но по една година сè тоа отишло во вода. 

Го пратиле на размена во Оклахома поради обвинение за напад за кое го пријавила девојка му. Но поради нападот, останал без договор.

На почеток од овој месец, Портер и се врати на кошарката и заигра во нов клуб, кој се вика ПАОК од Солун. 

И така од најпосакуваната НБА лига, торкото се сведе да игра во Солун за 10.000 долари месечно.

26 април 2024 - 13:23