Што кога ќе му поставиш прашање на Анчелоти на германски јазик?

Дон Карло во својата екстремно богата тренерска кариера има и шампионска титула со Баерн Минхем во сезоната 2016/2017. Во пресрет на вечерашниот класик Баерн - Реал Мадрид во 1/2 финале на ЛШ, германските новинари го прашале нешто на германски јазик а тој признал дека престојот таму му бил убав ама дека од јазикот не научил многу.

„Жал ми е, но заборавив да зборувам германски. Минхен е прекрасен град, но германскиот јазик никогаш не им влезе во глава. Син ми зборува многу подобро и тој подобро се снајде“. порача Анчелоти. 

30 април 2024 - 12:14