Роналдо, Ноер или Меси?

Јоаким Лев и Диего Марадона го фаворизираат Германецот. Во Мадрид се убедени дека ќе победи нивната ѕвезда, а така налагаат и кладилниците. Каталонците пак постои можност да ја бојкотираат вечерашната церемонија на ФИФА, поради забраната за вршење трансфери.

На Гала церемонијата во Цирих, вечерва со почеток од 18:30 часот Светската куќа на фудбалот ќе му ја врачи најпрестижната награда „Златна топка“ на само еден од тројцата финалисти кои влегоа во најтесниот круг.

Освојувачот на ова признание по пат на гласање ќе го одредат капитените и селекторите на репрезентациите кои се членки на ФИФА, а ќе се одбира меѓу Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Мануел Ноер (Баерн Минхен) и Лионел Меси (Барселона).

Според коефициентите на светските кладилници апсолутен фаворит со коефициент 1,12 е Роналдо, на Ноер му даваат 5.50, а Меси е аутсајдер со 11. Доколку освои Мануел Ноер, тој би бил првиот голман со вакво признание, додека прв Германец беше Лотар Матеус во 1990 година.

Кристијано Роналдо е бранител на титулата и доколку ја добие ќе ги стигне Јохан Кројф, Мишел Платини и Марко Ван Бастен кои имаат по три. Рекордерот Меси ако стигне до петтата награда ќе стане тешко достижен.

Кристијано Роналдо
- Златна Топка: (2008 и 2013)
- Трофери во 2014 со Реал Мадрид: Лига на шампиони, Копа Деј Реј, Супер куп на УЕФА и Светското клупско првенство
- Најдобар стрелец во ЛШ во сезоната 2013/2014 со 17 погодоци. 

Мануел Ноер
Златна Топка: /
Трофеи во 2014-та со Баерн Минхен: Бундеслига и Куп на Германија
Трофеи со Германија: Шампион на Светското фудбалско првенство
- Најдобар голман на Мундијалот во Бразил.

Лионел Меси
- Златна Топка: (2009, 2010, 2011 и 2012)
- Трофеи во 2014-та: /
- Го мина Раул и стана најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 75 голови.
- Го мина Телмо Зара и стана најдобар стрелец во Примера со 259 голови.

Вејн Руни ги твитна фаворитите:

И покрај тоа што Роналдо е голем фаворит пред Меси поради бројот на освоени трофеи, неговиот ривал не заостанува многу во индивидуалната споредба.

12 јануари 2015 - 17:29