Таг: лионел меси

Меси распали од 20 метри, Суарез погоди во 95-та минута

Само 5 дена откако го торпедираа Орландо со 5:0, како двојни стрелци, ветераните од Аргентина и Уругвај повторно стрелаа за Интер Мајами. Во Купот на шампионите, каде играат екипи од Северна и Централна Америка и Карибите, губеа 2:0 од Нешвил, но Меси во 52-ра и Суарез во 95-та го спасија тимот од пораз.

Од Меси е ударот, ќе ти пројде

Ако го разбравме добро шпанскиов на машкиот глас, веројатно таткото, така некако ќе му дојде објаснувањето до детето: „Ништо не ти е, ќе ти пројде, Меси беше тоа“.

Мајами шоу во режија на Меси и Суарез како двојни стрелци

Добро му тргна на стариот многу добро познат танде од Камп Ноу. Во 3. коло од МЛС, Интер Мајами го декласираше Орландо 5:0. Меси даде два гола, а Суарез два гола и две асистенции. Меѓу стрелците се запиша и Тејлор.

Емотивен момент меѓу Меси и Ди Марија за време на прославата на светската титула

„Тоа што го сакав е да играм во ист тим со тебе и да го освојам овој трофеј“, му вели Анхел Ми Марија на Меси, цел во солзи, кој отворено кажува дека сакал да го освои Мундијалот за него. Ете до толку беше голема и искрена желбата на неговите соиграчи, да му помогнат да стигне до трофејот кој му фалеше во величествената кариера. Многу јак момент.

Триумф на Интер Мајами во режија на Меси кој успеа и легнат играч да издрибла

Хитот на Дејвид Бекам со победа над 2:0 против Риал Солт Лејк ја стартуваше новата сезона во МЛС. Стрелци беа Диего Гомез и Роберт Тејлор, а шоуто и без да биде стрелец го приреди се знае кој. Цела поранешна четворка на Барса беше во прв тим. Одиме со ред.

Врската меѓу Меси и Барса е нераскинлива, доказ е осмата Златна топка

Без разлика што ја освои како играч на ПСЖ и Аргентина и што го продадоа на глупав начин во 2021-ва, последната Златна топка, Лео решил да ја донира во музејот на Барселона.

На иста забава Меси, Суарез и наркобосот од Грчец

Не би да се мешаме ние од Офсајд во овие теми, ама кога во клипов ќе ги видите двете мега фудбалски ѕвезди, интересно е да се забележи кој е фатен во офсајд во нивна близина.

Позадината на прославата на Меси на Мундијалот во лице на Ван Гал

Документарецот на Нетфликс за Светското во Катар, објаснува еден момент од четвртфиналето меѓу Аргентина и Холандија, кој не бил случаен.

Бразилецот Фелипе Мело за воодушевеноста од Меси

„Лионел Меси е најдобриот играч што сум го видел. Ако не постигне 3 гола, ќе создаде 3 гола. Тоа е разликата меѓу него и сите други. Имам слика од Меси во мојата куќа за да можат да видат моите деца и внуци дека сум играл против него. Меси е идол за многу Бразилци“, вели Мело кој на 40 години игра за Флуминенсе, а го паметиме од Фиорентина, Јувентус, Интер, Галатасарај.

Компилација од Мундијалот 2022 само со Меси

Тргна неубедливо и незабележително, но даде гас кога најмногу требаше и го исполни својот сон, како и на сите Аргентинци. Бајката се случи на денешен ден пред точно една година.

Конверзацијата меѓу Меси и невоспитаниот Родриго

Има 21 година, 14 години е помлад од Меси и без тронка респект му вели дека бил „Pain in the ass“. Потоа ги нарекува Аргентинците кукавици затоа што не сакале да играат откако бразилската полиција со пендраци во глава ги тепаа аргентинските навивачи.

А видовте ли колку луѓе го вадеа Меси од сала?

Осумкратниот освојувач на Златната топка не може да дише од луѓе. Освен личниот телохранител, овде не се знае уште колку се обезбедување за да стигне читав до комбето.

Видеото со кое Франс фудбал го најави Меси е генијално

Почнува со неговата прва фудбалска легитимација во Њу Олд Бојс 1994-та, растот во Барселона, неповторливиот слалом против Хетафе, неверојатните потези и голови, најважните моменти и успеси во кариерата, светската титула со Аргентина, времеплов на сите 8 Златни топки...Екипата што го составила клипов, не можела да направи нешто појако од ова.

Standing ovation за Меси и осма Златна топка

Лионел Меси е изборот на Франс Фудбал за најдобар фудбалер за 2023-та. Има осум Златни топки со кои води убедливо пред Роналдо со пет. Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен останаа на три.

Меси даде два гола и им го испи мозокот на двајца наеднаш

Светскиот првак за сега ги игра перфектно мундијалските квалификации со 4 од 4, а ноќеска го совлада Перу на гости со 0:2. Ново шоу на Лео кој блесна со два убави гола, од кои едниот многу јак на прва.

Меси се врати и за влакно не постигна голчиште за кое ќе се зборуваше

Аргентина победи 1:0 против Парагвај и со тоа стигна до 3 од 3 во квалификациите за следното Светско. Мечот го реши Отаменди со атрактивен гол уште во 3 минута, а кам бек после повредата имаше Лео Меси кој беше многу блиску до шаќировка.

Како и колку време работел Бекам за да го донесе Меси?

Четири години. Да, четири години им било потребно на Бекам и неговите партнери за да го направат трансферот од соништата кој направи тектонски промени во Америка. Секое сабајле одел да го гледа на тренинг.

Меси: Идејата во Мајами беше меѓудругото да почнам и да се релаксирам

Едно поинакво интервју со Лео Меси, повеќе за приватниот живот и секојдневието, отколку за фудбал, иако и тоа е неизбежна тема. На пример ќе дознате дали знае да го крене осигурачот ако му снема дома струја среде ноќ.

Мајсторски слободен удар на Меси за Аргентина, голманот не мрдна

Аргентина го совлада Еквадор со 1:0 во квалификациите за СП 2026. Ново шоу на Меси кој израмни рекорд на Луис Суарез.

Една фудбалска уметност снимена од навивачки агол

9 меча, 11 гола, 3 асистенции. Тоа е стартот на човекот кој 20 години го игра фудбалот на посебен начин. Да не знае човек на што попрво да се воодушеви. Додавањето на Жорди Алба, снаодливоста на Меси во шеснаесетник или на совршено интелигентиот пас по кој доби повратна за гол. Да не си им во кожа на дефанзивците.

Една фотка, две светски легенди

Косопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас може да се пофали со фото на денот на која се наоѓаат веројатно најдобриот фудбалер и најдобриот тенисер. Новак е фан на Меси. Навиваше за Аргентина на последното Светско, а во јуни летово додека се натпреваруваше на Роланд Гарос, беше да го гледа Меси и кога ја освои титулата со ПСЖ. Најновото дружење им е во Њујорк, каде Меси гостуваше со Мајами, а Ѓоковиќ ќе игра на УС Опен.

Како телохранител го чува Меси во Мајами?

Ако некој планира да го закача Меси во САД, ќе си има проблеми со Јасин Чуеко, поранешен војник, експерт за боречки вештини, како бокс и теквондо. Го следи во секој чекор, пред автобус, до стадион, соблекувална, па дури и на терен го има ко линиски судија. Му го обезбедил Дејвид Бекам. Мува не смее да прелета над Меси.

Ново шоу на Меси и другарите со гол во 97-ма минута па пенали

Осми меч, осма победа по ред на Интер Мајами под водство на Лео Меси, кој повторно имаше блескав настап, овој пат со две клучни асистенции вредни продолженија.