Продолжува лудилото во Чемпионшипот

Минатата недела пишавме дека англиската втора лига (Чемпионшип) е најлудата лига оваа сезона, а овој викенд тоа ни го потврдија и екипите на Вотфорд и Лестер. Гостинските фудбалери промашија пенал во 97-та, а домаќините се пласираа во финалето на плејофот со гол во 98-та минута.

Минатата недела Вотфорд остана без директен пласман во Премиер лигата откако примија гол во последната минута, но овој пат тие имаа доста среќа и се пласираа во финалето од плејофот со гол во осмата минута од судиското продолжение.

Лестер имаше предност од 1:0 од првиот натпрвар, а на реваншот Вотфорд водеше со 2:1, но на овие натпревари не се смета предност на головите на гостински терен.

Во 96-та минута беше досуден пенал за Лестер, но голманот на Вотфорд го одбрани удерот на Нокерт, за веќе во следниот напад по неверојатно сценарио, Дини постигна во 98-та минута гол за конечни 3:1 и пласман на екипата на Џанфранко Ѕола во финалето од плејофот за пласман во Премиер лигата.

12 мај 2013 - 17:41