Прекрасен шут и статива на Елмас по која Осимен даде гол

Елиф Елмас доби 90 минути на гостувањето против Салернитана и за влакно не постигна гол, кој ќе му беше трет во 2023-та. Штета, ќе се радувавме на голчиште за македонскиот репрезентативец.

Наполитанците воошто не ги измести од колосек поразот од Интер на 4 јануари, а воедно прв сезонава. 

Од тогаш веднаш се кренаа и ги победија Сампдорија и Јувентус, а синоќа и Салернитана со 0:2 со головите на Ди Лоренцо и Осимен.

Сега се на +12 пред Милан кој во вторник му гостува на Лацио.

Голот на Виктор Осимен кој е прв стрелец со 13 гола, падна по одличниот удар на Елмас кој ја погоди стативата.

Во следното коло Наполи ја пречекува Рома.

22 јануари 2023 - 08:55