Ново пејачко дијамантче - Рубинчо

Некој што се вика Рубинчо Благадуша, или решил да се вика Рубинчо Благадуша е просто роден за големи дела. Нашиов од крајно непознати причини си додал и трето име Езел (вади тоа, Рубинчо!) и спотот кој ќе го видите е драма.

Љубов, криминал, заплет, преплет, параглајдер, удирање боксерска вреќа (прајслес!), долгонога женска, Рубинчо дува струготини...

Ајде, може ќе ја разбереме приказната во следната епизода.

Но, признајте, неверојатно е кога ќе помислите дека сите тие, еден ден станале, се измиле, се облекле и на домашните им рекле:

- Ќе снимам спот, што ќе направите вие денес за татковината?

22 октомври 2012 - 09:53