Населбата во Малме во која растел Златан

Од 19. мај во неколку европски земји играше премиера на филмот „Златан. Почетокот" кој раскажува за младоста на напаѓачот на Шведска. Во својата биографија, Ибра на многу места зборува за Малме, градот во кој се родил, живеел, учел и ја почнал фудбалската кариера.

Централната станица во Малме, за која Ибрахимовиќ зборува во книгата. Од тука тргнувал на тренинзите.

Златан е роден и израснал во една од помалку гостољубивите области во Малме - населбата Росенгард, така што секој што сака да види кај растел треба да го посети овој крај.

За Росенгард се напишани илјадници текстови, а во секој од нив се зборува за иста работа - мрачните улици, криминал, невработеност, имигранти (80% од Ирак, Авганистан, поранешна Југославија и други не баш најтивки места на планетата), и за Златан како човек кој го прослави Росенгард во целиот свет.

И покрај тоа што го бие таков глас, овој крај на прва не делува на место каде живеат криминалци во мрачни улици. Или едноставно за последните десетина години многу работи се смениле.

Од центарот на Малме до Росенгард има околу час пешачење. Прва работа која што ќе ја видите кога влегувате во оваа населба е мостот кој Златан детално го опишува во својата книга.

Неговиот татко бил ограбен и прободен со нож на тој мост. Златан како мал стрмоглаво гледал под мостот дали има разбојници кои чекаат таму или некој психопат. Кога се преселил со кариерата и кога се вратил првпат во Малме, дошол до мостот и имал чудно чувство.

„Беше лето, надвор беше многу топло, но штом пројдов кај мостот со кола, нешто ми се преврте во стомакот. Ова место е посебно", пишува Златан во книгата.

Еден од мостовите во населбата е украсен со цитат од Златан „Може да го оставиш Росенгард, но Росенгард никогаш нема да те остави тебе".

„Бев херој кога се вратив дома, - пишува Златан за своето враќање во Малме. Јас бев фудбалска ѕвезда и уплашено дете во тунелот. Јас бев тој кој не знаеше дали ќе може да бега брзо. Милион сеќавања ми се вратија назад. Бев под мостот и беше кул".

Ибрахимовиќ го поминал детството меѓу домот на мајка му и домот на татко му, но Росенгард го направил Златан каков што го знаеме денес. Еве како изгледа паркот во кој Ибра вежбал секое утро. Детско игралиште и лулашки со гуми.

Зградата во која што живеел во Росенгард:

 Балконот на петти спрат (лево), од каде мајка му го викала дома од улица:

Случајни минувачи би можеле да ви раскажуваат за детството на Златан. Локалните луѓе (сите имигранти) се љубезни, а има и такви кои не зборуваат англиски и тешко да сфатат дека ги прашувате за познатиот фудбалер.

Абдула Ахмед живее подолго во Росенгард и одел во исто школо каде што учел и Златан.

 „Имавме еден ист наставник по математика и тој често раскажуваше како Златан правел глупости во училницата. И наставникот по шпански зборуваше како Златан секогаш одел со топка на час и не водел многу сметка за учењето. Јас ќе бидам фудбалска ѕвезда, така што часовите не ме интересираат", им велел Златан а нас ни беше интересно да ги слушаме тие анегдоти за него.

Росенгард во целиот свет асоцира на Златан. „Јас не сум заинтересиран за фудбал и за Малме никогаш не сум навивал, но живеам во истата зграда во која што живеел Ибра така што неговото име често се појавува во разговорите. Родителите ми раскажуваа како ѕвонел по врати и бегал, правел разни циркузи, но без тоа тој не би станал голем играч. Не можете да го кривите за тоа. Луѓето понекогаш велат дека не се однесува спортски, но според мене тој е сјаен спортист, неговото однесување е тоа што го чини единствен. Тоа е Златан." вели Абдула Ахмед.

Друг човек кој раскажува за Ибрахимовиќ е Ала Хусеин. Ала е дојден во Росенгард од Ирак, се оженил за една шведска убавица и сега работи во ресторан на крајот од Росенгард.

 „Златан е имигрант како и јас. Тој сè сторил сам. Во младоста правеше многу срања, но мислам дека секој човек може да каже такво нешто за себе. Секој има своја историја. Запознает сум со тоа, но можам да кажам дека тој е прав пример за мене и за многу млади луѓе. Неговото име и слика се насекаде, сите зборуваат за него. Жена ми е луда за Ибра, така што ќе морам некако да ја запознаам со него", се смее Ала.

Zlatan Court - Игралиште Златан

Фудбалското игралиште е можеби главната атракција во Росенгард, отворено во есен 2007. година. Златан тогаш заедно со претставници од Најк ги отворил терените за неколку спорта. Ибрахимовиќ тогаш бил видно трогнат, затоа што видел деца од разни вери, религии, националности кои играат заедно како некогаш тој кога бил дете.

Школо

„Боргар", средното училиште во кое учел Златан се наоѓа речиси во самиот центар на Малме - меѓу централниот плоштад и фудбалскиот стадион. Од Росенгард до таму има околу час пешачење, или 30 минути со автобус. Близу школото е градската библиотека, луксузно казино Космопол и река која ште се влева во мореузот Ересун.

Во округот има канцеларии, ресторани, опера, високи облакодери и со други зборови не постои ништо изненадувачки во фактот дека човек од Росенгард овде се чувствува како странец.

 „Овде работев повеќе од 30 години. Златан сигурно е во Топ 4 најнепослушните ученици кого никогаш не го научивме", вели класниот раководител на Ибра. Беше негативец број еден, на ум секогаш му паѓаше некоја сериозна неволја".

Ибра бил најгласен во класот и во генерацијата, но амбиентот во школото не му се допаѓал.

„Во школо доаѓаа дотерани девојки и момци, секогаш убаво облечени, вели Златан во книгата. Во мојот клас јас носев шик патики и тренерки Адидас или Најк. Во школото „Боргар" учениците носеа „Ралф Лорен" кошули и чизми „Тимберленд". Во моето маало тешко да сретнете така дотерани луѓе во кошули и сфатив дека е време за промени".

Една розева куќа во Лимхамнсваген (пола час од железничката станица) била долгогодишен сон на Златан - преубава куќа, а за него била најубава во цел Малме. Постоел само еден проблем - луѓето кои се населиле таму долго време пред Ибра размислувале исто и не планирале да ја напуштат.

На крајот, Златан и сопругата Хелене дошле лично на кафе кај сопственикот за да разговараат. „Ние сме овде затоа што вие живеете во нашиот дом", им рекол Златан на што тие се насмеале. „Смејте се, но јас сум апсолутно сериозен. Намерувам да ја купам куќава, гледам дека сте среќни овде, но сепак...

Зделката била договорена во 2007. година - Ибрахимовиќ дал 30 милиони крони (околу 3 милиони евра). Соседите го прифатиле Златан, иако тој бил првиот од Росенгард кој стигнал толку далеку.

Улицата Лимхамнсваген лежи паралелно со најдолгата плажа Риберсборг, така што Златан има совршен поглед од прозор. Неколку чекори и може да почне да трча на плажа.

Трејлер од филмот „Златан" на режисерите Федерик и Магнус Гертен: