Таг: златан ибрахимовиќ

Кам бек на Ибра на Сан Ремо, овој пат со хит од Лепа Брена

Три години после дебито на најславната музичка сцена во Италија, Златан Ибрахимовиќ повторно се појави на Сан Ремо, овој пат со друга негова српска музичка желба.

Златан да ви покаже на 42 години како се изведуваат ножички на боса нога

Повредите го спречија, инаку уште ќе играше и ќе се потеше со срце за Милан. Ѕвер.

Ибра е секогаш директен, а Марио не е жив ако не врати

Со првиов нема од околу, одговара отворено. Вториот па не може да се соочи со реалноста и му работи суетата.

Ибрахимовиќ: Гвардиола е неверојатен тренер, ама без муда

„Ти ќе се заебаваш со мене и јас ќе се заебавам со тебе. Сакаш да си играш со оган, тогаш ќе си играме, ама ќе те изгорам. Го паркирав Ферарито пред неговата канцеларија. Не ми рече ништо за потегот, ама ме игнорираше. До ден денес не сфатив што беше проблемот што ме казни да не играм“.

Големо изненадување на тренингот на Милан пред ЛШ

Милан има специјален гостин во пресрет на стартот на сезоната во Лига на шампиони. Им се појави Златан Ибрахимовиќ.

Средба на Ибра и Клоп, 2013-та

Едниот гази во ПСЖ, а другиот после двете последователни титули во Бундеслигата успеа да ја однесе Борусија Дортмунд до финале во ЛШ. Прави шампиони вака разговараат и се респектираат.

Златан е спремен за следните предизвици во животот

Актер ќе го правеле во акциони филмови каде ќе го глуми главниот лик.

Што се смени во Милан со доаѓањето на Ибрахимовиќ?

Речиси сè. Го вратија на крај на кариерата на 38 години, нетипични за трансфер на шпиц, а тој им возврати со 37 гола и 11 асистенции и што е најважно во Милан се врати победничкиот менталитет.

Колективна тага на Сан Сиро

По 988 меча, 573 гола и 32 трофеи во Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Лос Анџелес Галакси, пак Милан како и за селекцијата на Шведска, Златан Ибрахимовиќ и става крај на блескавата кариера. Во октомври полни 42.

Златан ги насолзи очите на последната средба со навивачите на Милан

Големи, впечатливи и важни збогувања се случија викендов. Бензема со Реал Мадрид, Ибрахимовиќ со Милан. Идоли на многу генерации. Ќе фали оваа легендарна будалетинка на терен.

Гестот со тетоважите на Ибра кој знае да покаже голема човечност

Многумина го сметаат за арогантен и препотентен, но тој знае многу пријатно да изненади. Соблекувањето на дресот и прославата со раширени раце, не е тоа што мислите.

Како 41 годишниот Ибра се спремаше за кам бек?

Девет месец го немаше поради повреда, што на таа возраст е сосема нормално човек да рече доста е. Ама не, Златан реши на тие години, после операција на колено да се фрли на долг рехабилитациски и тренажен процес и успеа да се врати. Каков карактер.

Ибра прв на честитање кај Новак

По завршувањето на Мастерсот во Торино кој го освои Ѓоковиќ откако во финале го совлада Каспер Руд, падна балканска средба меѓу двајца шампиони на кои стално им е ќеиф кога ќе се видат.

Чичо Златан има нешто да им каже на Французите

Француски CANAL+ Foot го седнува на интервју човекот кој за четири сезони во Лига 1 со ПСЖ освои 12 трофеи и постигна 156 гола. А тој вели вака:

Стара, ама многу јака преписка меѓу Ибра и Рамос

Не паѓаат секој ден вакви муабети на Твитер меѓу големите фудбалски имиња, па затоа одиме со едно не баш далечно ретро, а тоа е финалето од ЛШ меѓу Реал и Ливерпул 2018-та. Тепаа кралевите со 3:1, ама тепаше и Рамос во негов стил и ако се сеќавате во еден момент рамо му исчаши на Салах. Потегот го искоментираа и од Европската џудо унија, а исто и Златан, дрско во свој стил. Серхио му го спушти елегантно.

Ибра го гаѓаше Жиру со прслук, а Тео ги палеше навивачите да пејат против Чалханоглу

Милано е во транс откако шампионите се вратија од гостувањето против Сасуоло каде го заверија Скудетото број 19. Душа му извадија на Хакан, а играчите држеа и транспарент насочен кон градските ривали за кои се отвори истрага.

Моќен говор на Ибра по кој полуде цела соблекувална

Централна фигура во Милан изминативе две и пол сезони е 40 годишниот Златан Ибрахимовиќ, кој ќе треба да го клонираат ако сакаат да им ја држи соблекувалната и во иднина. Снимкава е направена после завршувањето на мечот против Сасуоло. Прво сите го слушаат внимателно, а потоа ерупција.

Златан мадафакр

Го освои последното Скудето на Милан 2011-та со Алегри, се врати и по 11 години го освои пак, овој пат со Пиоли на полни 40 години. Каков мангуп, со шампањ и пура се појави да слави.

Ибра го пукна стаклото на клупскиот автобус

Навивачите на Милан се во еуфорија како никогаш до сега во последните 11 години колку што ја чекаат титулата. Ама и Златан изгледа е бајаги возбуден, па ја суреди шофершајбната од што го понесе атмосферата од пречекот пред средбата со Аталанта.

Со Ибра и индивидуалните тренинзи се посебни

„Јас решавам кога ќе сопрам, исто како што решавам дека ќе те удри жолтата топка“, напиша уникатниот Златан.

Во меѓувреме одиме кај Ибра во теретана

Глупо е веќе да кажуваш дека е ветеран и да го прашуваш дали сезонава му е последна бидејќи има 40 години, особено после ваква најава за кам бек. Него ај сега прашајте се дали некој од вас може барем да се задржи вака со нозе неколку секунди? 

Еден најобичен тренинг на Ибра

Знаете некој друг шпиц со ваква форма и еластичност на негова возраст? 41 ќе полни годинава.

Анегдота на Ибрахимовиќ од времето кога играл во Балкан

Човекот со 570 голови во кариерата, некогаш знаел да облече и голмански ракавици, а тоа било кога како дете играл за Балкан, пред да заигра за Малме. Имало причина за тоа.