Најславните „10-ки“ од Светските првенства

Бројка која ја носат најдобрите, капитените и лидерите и која потсетува на Пеле, Марадона, Баџо...На само 10 дена до лудилото во Бразил, ќе ве потсетиме на 10 легенди кои претставуваат поим по бројот 10 на своите репрезентативни дресови.

Роберто Баџо

Завршницата во САД 1994 година беше најлошиот ден во неговата кариера откако во пенал серијата во финалето против Бразил го промаши целиот гол. Но Роберто Баџо и покрај тој малерозен шут беше најзаслужен што Италија успеа да стигне до финале. Легендарниот напаѓач постигна 5 голови.

Алесандро Дел Пјеро

По четири години на Светското во Франција италијанскиот дрес го облече уште легенда. Иако таа сезона за Јувентус, Деј Пјеро постигна 31 гол, а во нападот играше заедно со Баџо и Виери, не беше во најдобра форма, а Италија беше емилимирана во четвртфиналето од Франција повторно на пенали.

Диего Армандо Марадона

Поим за најславната „десетка“ на Аргентина е се разбира Марадона. Ја носеше на три Светски првенства, а златниот пехар го подигна во Мексико 1986. Од тој Мундијал засекогаш ќе остане да се раскажува неговата „божја рака“ со која во четвртфиналето постигна гол против Англија.

Пеле

Темата за тоа кој е најдобар фудбалер на сите времиња, дали Пеле или Марадона стана вечна за дебатирање. Но фактите зборуваат за три освоени Светски првенства на легедарниот Бразилец кој со бројот 10 се радуваше во 1958, 1962 и 1970 година.

Мишел Платини

Не успеа ниту еднаш да го крене златниот пехар на Светските првенста, а најголемиот успех му беше третото место. Но ова име не може да не се најде во најелитното друштво на 10-ки кое во 1984 година стана Европски првак со Франција.

Зинедин Зидан

Неговиот наследник беше маестралниот Зинедин Зидан препознатлив по неговата елеганција во играта од средниот ред. На домашен терен во 1998 година падна силниот Бразил кој загуби во финалето со 3:0, а славниот Зи Зу постигна два гола со глава. Се пензионираше неславно во 2006 година кога “му удри глава“ на Матераци.

Георге Хаџи

Ако 1998 беше година на Зидан, тогаш 1994 ја паметиме по Хаџи кој ја одведе Романија до четвртфиналето. Романскиот Марадона беше вистински лидер, а од него остана запаметен лоб ударот од 30 метри кој го постигна против Колумбија.

Лотар Матеус

Еден од главните и најзаслужните играчи на Германија која во 1990 го освои златото беше Лотар Матеус. Финалето против Аргентина го реши Андреас Бреме со гол од пенал на само 5 минути до крајот, а на следното Светско Матеус го носеше дресот со број 8.

Марио Кемпес

Пред да му ја предаде на Марадона на негово барање, 10-та на Аргентина ја носеше Марио Кемпес кој играше како крилен напаѓач. Во 1978 година Аргентинците како домаќини станаа светски шампиони, а најзаслужен за тоа беше Кемпес кој беше најдобар стрелец со 6 голови и кој во финалето против Холандија стрелаше два пати.

Хуан Алберто Скјафино

Една од најдобрите „десетки“ во 50-те години беше фудбалерот од средниот ред на Уругвај Алберто Скјафино. Херојот на финалето на Маракана против домаќинот беше Гиџа кој го постигна решавачкиот гол, но својот удел имаше и Скјафино кој го даде првиот гол за Уругвај пред 200.000 Бразилци.