Таг: диего марадона

Марадона за Барези, облечен во негов дрес

Легендарни 15 секунди со фудбалската икона Диего Марадона во дрес од Франко Барези после натпревар меѓу Милан и Наполи, одигран во 1989-та, година во која Милан освои Куп на Европски шампиони, а Наполи Куп на УЕФА.

Југословенската легенда која во рок од 9 месеци му одбрани два пенали на Марадона

Сторијата за Андреас Бреме и оној култен Мундијал 1990 со плејада на славни имиња кои и ден денес ги зборуваат оние што се родените околу 80-та па назад, нè потсети на една легендарна сторија со која не веруваме дека може да се пофали друг голман освен еден познат загрепчанец.

Марадона и Пеле во студио играат без да им тапне

Не е дека има многу заеднички гостувања од овие двајца великани на 20-ти век, па уште и со топка во студио. Едниот замина на 60 години, другиот се бори да не испушти душа на 82, а ракот му прогресира и католичкиот Божиќ го помина во болница.

Неверојатното поклопување на фактите на СП 1986 и СП 2022

Едни ќе речат Господ така одлучил, втори така било напишано во ѕвездите, трети судбина, четврти коинциденција, петти не знам што.

Во чест на Диего Армандо Марадона

Точно две години од смртта на еден од најголемите, кој 100% ќе ја бодреше Аргентина во Катар. Појако видео денес нема да видите.

Колку моќна средба е ова

И кога сме кај Ајакс - Наполи (1:6), пазете го видеово. Јохан Кројф (1947-2016) и Диего Марадона (1960-2020), великани без кои никогаш немаше да биде иста историјата на Ајакс и Наполи. Првиот има освоено 18 трофеи од кои три по ред во ЛШ. Вториот ги донесе единствените две Скудета во Неапол, како и Купот на УЕФА и Куп и Суперкуп на Италија.

Гужва во наполитанското катче на Марадона, се појави Мурињо

Гостувањето на Рома на стадионот Диего Марадона, португалскиот стратег го искористи да и оддаде почит на фудбалската легенда која има посебен статус во овој град.

Наполи откри два реалистични споменици за Марадона и во дресови со неговиот лик го растури Лацио

Кога е нешто во знак на Марадона, Неапол е обединет, силен, моќен. На 25.11.2020, четири дена по смртта на Диего Марадона Наполи ја декласираше Рома со 4:0. Сега, три дена по годишнина од смртта на стадионот „Диего Марадона“ го суредија Лацио со 4:0.

20 години од најемотивниот говор на Марадона

25-ти ноември е денот кога ги фрли во колективна тага фановите кога си замина, а на 10-ти ноември за последен пат им ја донесе радоста да скокаат и урлаат на негов гол. Експлозија од емоции за Марадона и цела Бомбонера.

Барса и Бока ќе играат Куп Марадона во Саудиска Арабија, Диего еднаш настапил таму

Гигантите Барселона и Бока Јуниорс објавија дека е договорен пријателски меч во декември а натпреварот ќе биде наречен „Куп Марадона“ посветен на првата годишнина од смртта на легендарниот Аргентинец.

Кога Џентиле буквално го сфатил советот да му дише во врат на Марадона

На Мундијалот 1982 во Шпанија, групата Ц била пеколна: Бразил, Италија, Аргетнина. Во 1. коло Италија со 2-1 ја добива Аргентина на Марадона, Гаљехо, Пасарела и Марио Кемпес. Аѕурите на крај стануваат дури и шампиони а овој меч со гаучосите останал во вечно паметење поради комичниот фластер на стоперот Клаудио Џентиле над Марадона.

Чудесна ситуација пред гол на Суперкласико

Дербито Бока Јуниорс - Ривер Плејт заврши 1:1 и сите зборуваат за шансата на гостите во 90-та минута кога готово беше да биде 1:2 со автогол. Но во еден момент се гледа како топката добива чудно ефе и излегува од гол.

Како Вујадин Бошков зборуваше за Марадона

Истиот период додека Диего беше врвен во Наполи, легендарниот југословенски стручњак ја водеше Сампдорија. Погледнете со каква страст го опишуваше. Вели сиромаси ќе му побараат 10.000 лири, а тој им даваше 100.000.

Единствен меч кога Марадона и Рикелме заиграа заедно

„Марадона со десетката, Марадона ја носи десетката, ама он е број еден, он е капитен на Бока“ (“Maradona con la diez, el capitan de Boca.”), вели коментаторот пред единствениот меч на кој Диего не беше права "10-ка" на теренот во дресот на Бока.

Последен поздрав од најверниот другар на Диего

Поминаа две недели од смртта на Диего, а во неговата татковина снимија видео со поздрав од неговиот омилен предмет во животот - фудбалската топка.

Нејмар како дете случајно во автобус се запознал со Марадона

Фудбалскиот свет и натаму се простува со Диего Армандо Марадона кој почина пред девет дена. За најголемиот зборуваат и денешните, современи ѕвезди на фудбалот.

Мурињо од срце за разговорите со Диего

Жозе и Марадона имале посебен однос и редовно се слушале и разговарале. Мурињо вели дека многу ќе му фалат тие муабети после поразите, зошто Диего му се јавувал во тешки моменти, а не после победи.

Двата најпознати гола во кариерата на Марадона, 4 години по војната со Англичаните

На 22 јуни 1986-та, четири години по крајот на воениот конфликт меѓу Аргентина и Англија за Фолкландски острови, репрезентациите на овие две земји се сретнаа на Светско првенство каде падна најконтроверзниот гол во историјата.

Насловна на денот

Јасно е дека денеска насловните страници на сите спортски весници ќе бидат посветени на Марадона. Но оној кој се издвои е Лекип каде не веруваме дека претходно уредништвото воопшто помислило на ваква конструкција на реченица.

Последниот месец мешал психотропни супстанци со алкохол, изгубил апетит и бил тажен

Здравствените проблеми на Диего Марадона не беа нови со оглед на неговиот начин на живот, а ситуацијата му се влошила во последните година дена.

Голема тага на улиците на Неапол и Буенос Аирес - замина најголемиот

Диего Марадона живееше во Неапол 7 години но на југот од Италија го сакаат исто колку што го љубат во родната Аргентина. Двата града се завиени во црно откако замина најголемиот на сите времиња.

Нè напушти Диего Армандо Марадона

Светот се збогува со фудбалскиот уметник, душата на Аргентина и Неапол, идолот на многу генерации кои го сметаат за најдобар фудбалер на планетата на сите времиња. На 30 октомври наполни 60 години.

Тренинг на Марадона во Наполи со кал до гуша

На 30 октомври 1960-та е роден Диего Армандо Марадона, човекот кој 23 години не игра фудбал, а сеприсутен повеќе од било кога. Наполитанците уште му се клањаат. Пет трофеи им донесе за три години.

Кога Диего Марадона одбил 100 милиони долари да стане Американец

Во тоа време Диего важел за најпопуларниот човек на цела планета Земја, па американските компани, поддржани од власта, сакале да го направат Американец преку ноќ со 100 милиони долари. Диегито само одмавнал со рацете. No gracias.