таг: роберто баџо

Еден од најубавите голови на СП 1990 на мајсториштето Баџо

Со по 1:0 ги победија Австрија и САД, а трета жртва на нивното мени во групната фаза беше селекцијата на Чехословачка со која се сретнаа на денешен ден пред точно 27 години. Кога Роберто Баџо ќе тргне од средина и ќе проигра со Џузепе Џанини се добива резултат по кој е задолжителна репетиција. Еднаш се раѓа вакво играчиште. Повеќе

Легенда си кога ти се клањаат и противниците

16 мај 2004-та, последно коло во Серија А. Цел Сан Сиро е на нозе, не затоа што Милан ја победи Бреша со 4:2, туку затоа што за последен пат во дрес и копачки се појавува Роберто Баџо, еден од најдобрите италијански напаѓачи на сите времиња.  Повеќе

Антологиски прием на Баџо на Деле Алпи

1 април 2001-ва, Јувентус води 1:0 против Бреша. На 5 минути до крај гостите израмнуваат откако еден 22 годишен дечко по име Андреа Пирло му дава топка со очи на 34 годишниот Баџо кој ја заврши акцијата на најелегантниот можен начин. Акција за во учебниците. Повеќе

Дел Пјеро до Роберто Баџо: Ми беше сон да ти ја носам торбата

Кога една од најдобрите 10-ти во Италија на ваков начин ќе му честита роденден на друга таква 10-ка, тоа се вика респект и големина. Се гледа дека се од друга генерација. Повеќе

Јас, Баџо и Гвардиола кој уште во Бреша беше печен за тренер

Тоа што Пеп Гвардиола до својата 46-та година има освоено 21 трофеј како тренер, не е само среќата што му се паднало да ги тренира Барселона и Баерн. Тој беше играч – организатор, кој размислуваше како тренер и додека беше активен фудбалер. Повеќе

Борбата на суетите кога треба да се одбере број на дрес

Кога во една иста екипа ги имаш Кристијано Роналдо и Раул, Баџо и Дел Пјеро или Тоти и Дел Пјеро се знае каде може да се јави проблем. Во ефикасноста во никој случај, туку во тоа кој ќе ги земе 7-ка и 10-та. Проблемот се решавал со авторитет или попуштање. Повеќе

Италијанските ѕвезди кои Европските првенства ги гледаа од фотеља

Повреди, лош однос со селекторот, недоверба или нешто четврто. Многу славни италијански имиња не ја почувствува магијата на Европските првенства, а интересно дел од нив се Светски прваци. Еден Роберто Баџо нема заиграно на ЕП. Повеќе

Патот на Џузепе Роси, детето кое спиело во дресот на Шевченко
Играч кој не може да не го сакате

Еден од најдобрите италијански фудбалери тргнал од Америка, земја во која емигрирале неговите баба и дедо со брод од Италија во ’60-те години. Го исполни својот и сонот на татко му, да ја носи капитенската лента на Аѕурите. Повеќе

Како еден гест сруши одлична кариера
Приказната за фудбалскиот пат на Дино, другиот Баџо

Живееше во сенка на неговиот презимењак Роберто, но тоа не го засени да стане еден од најголемите фудбалери на Италија кој три пати го освои Купот на УЕФА и стрелаше на Мундијалот во САД ’94. Се побуни против системот и ја загуби битката со големците. Повеќе