Италијанските ѕвезди кои Европските првенства ги гледаа од фотеља

Повреди, лош однос со селекторот, недоверба или нешто четврто. Многу славни италијански имиња не ја почувствува магијата на Европските првенства, а интересно дел од нив се Светски прваци. Еден Роберто Баџо нема заиграно на ЕП.

„Сакам да сум како Скилачи и Паоло Роси“, рече Паволети, најдобриот италијански стрелец во Серија А за минатата сезона на собирот во тренинг центарот на италијанската фудбалска репрезентација и се насмеа. Целта му беше да го убеди Конте да земе во Франција. Но тоа му беше лош обид, Роси и Скилачи никогаш немаат заиграно на Европско првенство, а тоа важи за многу познати италијански фудбалери од кои може да се направи состав за респект.

Чудна е голманската улога, таа може да те прослави, а потоа да те снема. Тоа добро го знае Џанлука Паљука кој за репрезентација доживеа слава, но и големи разочарувања. Мундијалот во својата земја во 1990-та го гледаше од клупа, а во САД 1994 беше една од главните фигури во тимот на Ариго Саки. Во финалето му одбрани пенал на Марсио Санто, но тоа не беше доволно бидејќи неговите соиграчи промашија три пати. По тој Мундијал местото му го зема Перуци кој беше стартер на ЕП 1996. Паљука не беше ниту повикан, а потоа се врати во Франција 1998 токму на местото на Перуци кој беше повреден. Шанса за деби на Европските првенства имаше во 2000 година, но Ѕоф му затвори вратите.

Златна топка, две Скудета, три одиграни Светски првенства, врвна класа. Приказната за Роберто Баџо со Италија е горчлива. Играше царски, ама не освои ништо. Во 1992 Италија не успеа да се квалификува на Европско, а по 4 години Саки не го зема во авион за Англија. Во 2000 година повторно немаше место за Роби, Џоф ги повика Инѕаги, Дел Пјеро, Монтела, Тоти и Дел Векио. На ЕП 2004 и покрај тоа што имаше 37 години, италијанската јавност и медиумите притискаа да го повикаат за Португалија затоа што играше за Бреша во топ форма, но Трапатони не попушти, а сонот на Баџо остана неостварен.

Некои денови во фудбалот се случуваат, се паметат, но не се ценат. Така беше со Тото Скилачи, херојот на Италија кој на Мундијалот 1990 ја изненади домашната публика и стана најдобар стрелец . Ниту една шанса не доби на Европските првенства.

Ѕакардо, Џилардино, Јаквинта и Бароне се единствените Светски прваци од Германија 2006 кои немаат одиграно ниту еден меч на Европските првенства. Ѕакардо замина во Волфсбург и беше доволно освоеното Скудето во 2008 да го убеди Донадони да го повика. Џилардино играше на ЕП 2004 ама само за младинците. Јаквинта имаше повреда поради која не можеше да игра, а Бароне играше за репрезентација само која Липи беше селектор.

Се сеќавате ли на Никола Берти од Италија 1990? Го имаше и на Мундијалот во САД, а една година подоцна се повлече од репрезентација со 39 меча и 3 голови, но не одигра ниту еден меч на Европските првенства.

Беше протагонист на ЕП 1978, а по две години требаше да игра и на Европско, но на само две недели пред стартот беше вмешан со скандал со местење натпревари и доби суспензија од две години. По истекот на казната Паоло Роси повторно го облече дресот на Италија и го освои Светското првенство. Но на следното Европско, Италијанците како Светски прваци се посрамотија уште во квалификациите  и не успеаа да ги поминат во друштво на Кипар, Чехословачка, Шведска и Романија. Роси остана рекордер на Италија со 9 голови на Светските првенства кој го дели со Баџо и Виери, но не заигра на ЕП. 

Вака би изгледал составот на Италија со најдобрите играчи кои никогаш не учествуваа на Еврошампионатите.