Најелитното осминафинале во Лигата на шампионите

Никогаш до сега во историјата немало толку мал број на земји кои имаат свои претставници во топ 16 фазата од Лигата на шампионите.

По вчерашното извлекување на осминафиналните двојки за нокаут фазата во ЛШ, само 6 земји ќе ги следат своите екипи од февруари идната година, кога ќе бијат битка за трофејот на 3 јуни во Кардиф. Тоа се Шпанија, Италија, Англија, Германија, Франција и Португалија.

Се работи за топ 6 лигите кои важат за најсилни и најелитни во Европа. Шпанија е единствената земја со 4 претставници (Барселона, Реал, Севиља и Атлетико Мадрид), Англија ги има (Манчестер Сити, Арсенал и Лестер), Германија (Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен), Франција (ПСЖ и Монако), Португалија (Бенфика и Порто) и Италија (Јувентус и Наполи).

Ова е прв пат по 1999-та во осминафиналето од Лигата да на шампионите да се пласираат само екипи од големата шестка од Европа. Броењето почнува од 1999-та бидејќи претходно немаше нокаут фаза во топ 16, туку втора групна фаза.

Лани на пример во друштво на овие шест земји, свои претставници имаа и Русија, Холандија, Белгија и Украина, а во четири наврати имаше клубови од по седум земји.

Англија, Шпанија, Германија и Италија секогаш имале по барем еден претставник во осминафиналињата, а тоа се впрочем и земјите кои најмногу пати го кренале пехарот. Шпанија 16 пати, Италија и Англија по 12, а Германија 7 пати.

Французите не биле само еднаш во топ 16, додека Португалците имаат 14 од 18 учества.

Топ 4 лигите од Европа од сезоната 2018/2019 добиваат привилегии. Инаку за вчерашната ждрепка клик тука.

13 декември 2016 - 12:35