Македонски кафулиња обоени во боите на Јувентус

Актуелниот италијански шампион ѝ се остреше на моќната Барселона за поразот во финалето пред две години и направи специјално мотивирачко видео пред мечот. Сето тоа вроди со плод. Јувентус беше надмоќен и заслужено ги доби првите 90 минути со убедливи 3:0. Фантастичен повод и за македонските Јувентуни да уживаат во триумфот.

Познато е дека во многу градови низ Македонија има стотици страствени навивачи на Јувентус на кои повеќе не им е предизвик Серија А. Нивната цел сезонава е Лигата на шампионите и токму за овие натпревари ги полнат локалите до крај и ги бојат во црно - бела боја.

Човек да не знае кои се овие места ќе помисли дека се работи за италијански навивачи сместени во разни локали низ Торино.

БИТОЛА

КОЧАНИ

СТРУМИЦА

КУМАНОВО

ПРИЛЕП

ОХРИД

 

12 април 2017 - 11:49