Најголем успех на Звезда после пеналот на Дарко Панчев

Околу 10.000 навивачи на Црвена звезда синоќа го бодреа својот клуб на реваншот во Австрија. Првиот меч против Ред Бул Салцбург во Белград заврши 0-0,  a синоќа откако домаќинот имаше 2-0, гостите во 77 секунди постигнаа два идентични погодоци и после 27 години се пласираа во групната фаза од ЛШ.

Црвена звезда првпат после 1992 година ќе учествува во најпрестижното европско натпреварување - Лига на шампиони. Откако одиграа 6 квалификациони средби на патот кон елитата ги чекаше последната пречка - австрискиот гигант Ред Бул Салцбург чиј спонзор вложува енормни средства во екипата, а клубот веќе рекорден 11. пат не може да се квалификува во Лига на шампиони!

Почетокот на мечот не најавуваше таков епилог. Моќнот Салцбург тргна офанзивно и имаше преку 10 шута во првите 20 минути од натпреварот. Доминацијата австрискиот шампион ја круниса со гол во 45’ минута пред самата пауза. Нивниот најдобар играч Мунас Дабур го отвори резултатот:

На полувреме се отиде со резултат 1-0, а само што почна вториот дел, во 47’ минута турскиот судија Чунејт Чакир досуди пенал за домашните и Мунас Дабур зголеми на 2-0:

Откако сите веќе го гледаа Салцбург за првпат во Лига на шампиони после дури 11 обиди преку квалификациите, така не мислеа и избраниците на тренерот Владан Милоевиќ кои во буквално 77 секунди постигнаа два идентични гола, израмнија на 2-2 и им донесоа неверојатна радост на своите навивачи.

Најпрвин Ел-Фарду Бен на центаршут на Милош Дегенек намали на 2-1:

А потоа во буквално идентична акција на двајцата топката заврши во мрежата за 2-2:

Делиите во текот на мечот имаа интересна кореографија на која постар човек-војник пече бик на ражен (бикот е симбол на Ред Бул Салцбург и стои на нивниот грб).

Радоста по крајот од мечот кога навивачите влегоа на теренот: