Таг: делии

Делии прават сјајна атмосфера и во Куп

Кога е во прашање белградското дерби, не е важно дали е мечот во Куп или во првенство. Важнo e да блеска трибината и да се одбележи фудбалскиот празник против градскиот ривал на најдобар можен начин. Црвена Ѕвезда го елиминираше Партизан и во финалето од Купот ќе игра со Војводина.

Штама меѓу Делии во чест на починатиот Партизановец

Големото градско ривалство во Белград синоќа барем за момент беше во втор план. На мечот од Евролигата меѓу Црвена Ѕвезда и Басконија, цела Штарк арена го испочитува поранешниот играч на Партизан, Дејан Милојевиќ кој почина од инфаркт на само 46 години.

Делии им го плеснаа на Англичаните со потсетување на Ѕвезда 1991

Без разлика што Црвена Ѕвезда освои само 1 бод, нивните навивачи се секогаш во топ форма, посебно на вакви големи натпреварувања. Го потсетија ултра богатиот Манчестер Сити, во какво време нивниот тим го освои светот. Плус им здиплија и знаме на гостите.

Ова е ноќ на смелите, ова е ноќ на храбрите

Навивачите на Црвена Ѕвезда изненадија со една поинаква и неочекувана кореографија, спротивна на стандардните идеи со УЕФА, пари, мафии, скапи карти и сл.

Импресивна кореографија за Михајловиќ на Маракана по кој ќе биде крстена ВИП трибината

Црвена Звезда викендов ја пречека Војводина. Тоа се два клуба за кои настапуваше Синиша откако ја почна кариерата во Борово. Совршен повод да го извадат на виделина тоа што го спремале за легендата. Огромен мозаик во чест на Синиша Михајловиќ кој замина на 16 декември.

Како Делии ја испратија Звезда во Милано

Црвена Звезда има активен резултат во Лига Европа против Милан со кој дома одигра 2:2. Навивачите веруваат во изненадување и распоредени на мостови и покрај пат најдоа начин како да ги мотивираат играчите пред вечерашниот дуел.

Таксистот херој кој си го ризикувал животот за да спаси навивач во пресметка Гробари vs Делии

Во една таква професија како неговата, не можеш да знаеш кој сè може да ти се качи и со кого да се замери, а ниту би помислил дека на можеш да завршиш повреден и без кола. На крајот излегува дека треба да се среќен што останал жив.

На Павков му дошле пред зграда да му пеат

Симпатичните поштапалици на сметка на Милан Павков, човекот кој до пред пар години играл по третолигашки калишта а во вторникот му даде два страшни гола на Ливерпул, продолжуваат. Група навивачи на Црвена звезда дознале кај живее и отишле да му пеат под прозор.

Величествена кореографија на Маракана

По три децении чекање настап во ЛШ, навивачите на Црвена Ѕвезда целосно се отворија и се распослаа на цел стадион. Маракана пред мечот со Наполи изгледаше импозантно, а Делии ги пречекаа Италијанците со: Добре дојдовте во градот на европскиот првак.

Најголем успех на Звезда после пеналот на Дарко Панчев

Околу 10.000 навивачи на Црвена звезда синоќа го бодреа својот клуб на реваншот во Австрија. Првиот меч против Ред Бул Салцбург во Белград заврши 0-0,  a синоќа откако домаќинот имаше 2-0, гостите во 77 секунди постигнаа два идентични погодоци и после 27 години се пласираа во групната фаза од ЛШ.

Најнасилното ривалство во фудбалот, Гробари и Делии

Вајс открија дека Гробари и Делии не се сакаат меѓу себе (до економијата било) и во таа чест одат до Белград да снимаат што се случува за време на „Вечно дерби“.

Делии блеснаа со две кореографии, но Жиру ги замолкна со ножички

Мрежите на синоќешниот меч од Лига Европа меѓу Звезда и Арсенал мируваа 85 минути, се до моментот кога Топџиите искомбинираа една феноменална акција по која Оливие Жиру се свитка како кифла и од тешка позиција постигна гол за конечни 0:1.

Резиме за историското финале

29 мај 1991-ва на стадионот Св. Никола ви го пренесовме преку четири дела во кои навивачкото доживување го раскажа Зоран Тимиќ, еден од водачите на Делии. На крајот се потсетува како биле подолени во група, кој патувал како господин со авион и е горд на спектаклот кој ниту една друга навивачка група го нема направено во финале.

Плачев за титулата, а чувството беше подобро од секс

Во овој дел ќе читате за историскиот момент со многу емоции додека Дарко Панчев се местел да шутира пенал. „Црвена звезда је шампион Европе! Црвена звезда је победник Купа Европских Шампиона“ Потоа следуваат и пикантерии од враќањето за Белград.

Пристигнувањето, закачките со Французите и спектаклот на Св.Никола

По патешествието до Бари со автобус кое им било забавно, но и смрдливо поради Пеџа пијаницата, следуваат случувањата на стадион, пред и за време мечот. Зоран раскажува како за добро утро виткал џоинт, а потоа фрлил двајца навивачи во фонтана. Трибината ја покриле со бело.

Патот до Италија со Пеџа пијаницата

Одиме со втор дел од приказната на Делии за Бари, напишан од некогашниот нивни водач Зоран Тимиќ. Во првиот дознавте како се спремале за пат, шиеле знамиња и поминале низ ризичната Хрватска за да набават бакљи. Сега на ред е патешествието до Италија со пиво и виски.

Подготовки за финалето меѓу Звезда и Марсеј

Годинава се одбележа четвртина век од славната титула на Црвена Звезда која ја освои Европа. На финалето во Бари и дуелот Панчев - Олмета се потсетуваме секоја година, но мозаикот со тие историски денови за југословенскиот фудбал не е целосен без навивачите.

Делии ја славеа победата на Звезда и на УС опен

Еден од препознатливите транспаренти на навивачите на Црвена Звезда кој обично го има низ улиците во Белград, се појави и на финалето на УС опен во Њујорк каде Ѓоковиќ (инаку навивач на Звезда) го победи Федерер.