Приказната на Делии во Бари, прв дел

Подготовки за финалето меѓу Звезда и Марсеј

Годинава се одбележа четвртина век од славната титула на Црвена Звезда која ја освои Европа. На финалето во Бари и дуелот Панчев - Олмета се потсетуваме секоја година, но мозаикот со тие историски денови за југословенскиот фудбал не е целосен без навивачите.

Нивното патешествие во и до Бари преполно со разни доживувања, занимливости и анегдоти ќе ви го пренесеме во делои. Првиот се однесува на нивните подготовки во време кога било ризично со српски таблици да поминуваат низ Хрватска каде останале без капка бензин.
По славниот реванш против Баерн, следните денови ги посветивме на подготовките за Бари каде се играше финалето од Купот на шампионите. Игравме со Олимпик Марсеј на 29 мај, а јас и Андреј направивме план што може да се направи за се подготвиме за тој натпревар. Имавме среќа што мечот се игра во Италија каде навивачкото движење е развиено и полицијата има разбирање за опремата која би имале многу проблеми да ја внесеме во други земји. Со Андреј се согласивме дека покрај големиот број на знамиња кои веќе ги имаме и со кои ќе се снабдиме уште повеќе до финалето, да подготвиме огромна количина на ролни хартија за фрлање, многу бакљи, а јас имав идеја да однесеме и мегафон за да може подобро да се води навивањето. Зоња смисли и големо прекривно знаме кое исто така беше прифатено.
Го ставивме сето тоа на хартија и кога отидовме кај Цвеле му кажавме дека ни требаат околу 200.000 динари (тогашни околу 14.000 марки), потоа дека нешто ќе плаќаме во кеш, а нешто безготовинско. Тогаш се договоривме да ни дадат еден автобус за нас кои ќе ја носиме опремата и авион за главниот дел од тимот. Цвеле рече дека сето тоа е океј и наложи да ни дадат 4-5 чекови (во тоа време постоеа такви чекови на кои ни требаше негов потпис и сумата). Купивме веднаш материјал за знамиња и ги поправивме тапаните. Зоња ги нарача знамињата во кројачката фирма „Работна жена“, а хартија за ролни нарачавме во Авала, фирма која се занимаваше со производство и преработка на хартија. Нарачавме 4.000 ролни, но не оние од каси за куцање и тоалет хартија какви што до тогаш користевме, туку нарачавме кутии со сецкана хартија, ама не се сеќавам колку.
Имаше еден интересен детаљ кој се случи. Кога не прашаа како ќе платиме, рековме со чекови. Беа малку скептични бидејќи во тоа време почнаа масовно да се издаваат чекови без покритие кое беше многу тешко да се наплати. Извадив еден од чековите и на шега прашав: Ќе ги го покажам потписот на Цвеле со печат од Фк Ѕвезда. Кога жената виде која фирма плаќа, рече дека тоа сигурно нешто значи и дека во моментов платежно тоа е најспособна фирма во Србија. Така и беше, со тие чекови можеше сè да се плати во било која сума. Фк Црвена Ѕвезда во тоа време беше институција.
 
Со Зоња се договоривме да одиме во Италија и да купиме бакљи. Прво фативме воз до Љубљана бидејќи сакавме да избегнеме патување низ Хрватска поради тензијата на национална основа која постоеше, а од Љубљана земавме рента кар. Во Пиза купивме околу 400 бакљи бидејќи таму имаше фабрика каде се произведуваат. На враќање не смеевме да ги пренесуваме преку граница и ги оставивме во гардероба на железничка станица во Трст со план да ги земеме кога ќе одиме накај Бари.
Кога се враќавме имавме едно интересно патешествие. Додека бевме во Италија, во Борово село се случи онаа позната случка кога хрватски специјалци направија рација на српска територија, а доброволците кои изгледа беа добро известени ги сочекаа и убија 13 души. Тоа всушност беше почеток на војната во Хрватска. Поминавме низ Хрватска ноќта после тој инцидент за време на таа вжештена атмосфера во регион каде се спремаше војна. Во моментот кога влегувавме во Хрватска ни текна дека немаме уште многу бензин. Некаде во близина на Славонски Брод каде застанавме да јадеме се договоривме да застанеме на првата пумпа за да наполниме бензин. Поминавме низ неколку, но не работеше ниту една, така што веќе беше критично затоа што бевме скоро на нула. Идејата да останеме сред ноќ во Хрватска без бензин особено во тој период, воопшто не ни се допаѓаше. Кога очекувавме во секој момент да ни застане возилото здогледавме бензиска пумпа. Кога се приближивме колата ни се угаси, но имавме голема среќа бидејќи тоа се случи на 30 метри од пумпата. Ја буткавме и кога пристигнавме до пумпата не пречека едно изненадување кога вработениот ни рече дека нема таков дизел каков што бараме. Бевме очајни и не знаевме што да правиме, а тој кога не виде веројатно не сожали и рече да застанеме покрај пумпата за да се обиде да ни исцеди барем нешто од талогот. На наша среќа истече околу 10 литри со кои успеавме да стигнеме до Србија.
Нивното патешествие во и до Бари преполно со разни доживувања, занимливости и анегдоти ќе ви го пренесеме во делои. Првиот се однесува на нивните подготовки во време кога било ризично со српски таблици да поминуваат низ Хрватска каде останале без капка бензин.
 
Во Белград подготовките течеа според планот. Хартијата пристигна на Маракана, Зоња работеше на случајот околу знамињата, а материјалот беше поделен на шиење. Единствено од тоа што се откажавме, а беше планирано беше мегафонот бидејќи не успеавме да најдеме. Јас и мојот тим се договоривме од прилика кој ќе оди со автобус. Тоа требаше да бидат моите ултраси, 4-5 момци од Зрењанин, Жика и Џери од Крушевац, се разбира најлошите од Петриња и 5 момци, навивачи од Раднички со кои во тоа време бевме во многу добри односи. Меѓу нив беше и мојот голем пријател Супа кој многу ни помогна околу патувањето. Шиеше 5 знамиња кои потоа со години ги носевме на стадион. Се сеќавам дека ги шиеше сам и дека последниот не му беше готов, а автобусот беше пред стадион и чекаше додека Супа шиеше во просториите на клубот. Покрај нив тука беа и уште неколку постари како Џока дебели, Дуловиќ и Бора кои сакаа да дојдат со нас, Хамдо од Зеница, уште неколку момци од внатрешноста меѓу кои Дуле Колашинац и Јоца од Обреновац.
Успеавме да завршиме со сите подготовки ноќта на 27 мај, бидејќи за тогаш беше договорено да тргнеме.
 
Продолжува...
31 мај 2016 - 20:04