Како Анри и Карагер ја видоа дефанзивната тактика на Реал Мадрид

Актуелниот европски првак удри тотален напаѓачки јуриш кон кралот на Европа со 14 титули, но сепак дуплата 57-ца на Карло Анчелоти го победи концептот на Пеп.

Реал Мадрид синоќа беше тотално надигран, во сите 120 минути, според сите параметри, но не и елиминиран.

Манчестер Сити доминираше со 64% посед на топка, 34:8 во шутеви, 18:1 во корнери, 933:473 додавања, 181:59 напади.

Но сепак има еден сегмент во играта во кој гостинот беше подобар и кој се покажа како клучен, а тоа е одбраната со која играта пред само еден гол го носи името на нашата детска игра позната како „Викторија“.

Тиери Анри тоа го објасни на наједноставен и прецизен начин, без разлика дали му се допаѓа на некој тоа или не.

„Го сакам начинот на кој игра Сити, тука нема муабет, неверојатни се во тоа. Но има нешто што се вика одбрана. Можете и да го контролирате мечот ако се браните добро. Знам дека луѓето ќе кажат дека Сити беше подобар тим, но и бранењето е дел од играта. Реал се бранеше многу добро и не им дозволија многу. Едноставно тимот што се бранеше подобро се пласираше во следна фаза“, вели легендарниот напаѓач на Арсенал.

Џејми Карагер потсети кога Реал го упатил последниот шут кон гол, но го истакна кралскиот клуб како неприкосновен во однос на менталитетот.

„Тој што ќе ја освои Лигата на шампиони не значи дека е најдобриот тим од Европа. Манчестер Сити беше подобар, но кај Реал Мадрид има нешто посебно. Во менталитет и верувањето тие се најдобар тим и победија на пенали. Последниот шут кон гол им беше во 12 минута.  Едноставно во ова натпреварување се комплетно на друго ниво во однос на другите. Инаку секој што го гледаше овој меч, без да ги знае имињата на екипите ќе каже дека е резултат не се совпаѓа со играта и дека Мадрид имаше повеќе среќа што помина“.

Пенал рулетот за Реал Мадрид, Баерн ја спасува сезоната со ново полуфинале

18 април 2024 - 13:35