Германски навивачи повторно тепани од грчка полиција

Дуелот ПАОК - Дортмунд во Солун очекувано не можеше да помине без нереди. Германците фрлаа бакљи и скандираа за Арис, најголемиот ривал на ПАОК, по што домашните навивачи на крајот влегоа во терен и тргнаа кон нив.

И покрај тоа што не биле задоволни од цената на аранжманот од 330 евра за чартер лет со карта за мечот ПАОК - Дортмунд, околу 300 навивачи на Борусија беа присутни на стадионот Тумба.
 
Со голот на Роберт Мак, ПАОК поведе но Борусија Дортмунд израмни преку Гонзало Кастро кој ги постави конечните 1-1. Резултатот од овој меч остана во втор план, затоа што навивачите повторно ја одиграа главната улога.
 
Во Грција речиси една деценија на сила е законот според кој во грчката Супер лига се забранува присуство на гостинска публика. Од таа причина синоќа стадионот на ПАОК како ретко кога во сезоната виде гостински навивачи. Полицијата на почетокот од второто полувреме влезе на трибината со германски навивачи и брутално ги пендречеше. Причина за тоа биле бакљите фрлени на терен од гостинскиот сектор.
 
По крајот на средбата ниту домашните навивачи не се воздржаа и влегоа на терен, тргнаа кон гостите, но полицијата ги задржа. Билансот на крајот е осум уапсени навивачи на Дортмунд и неколку повредени навивачи на ПАОК.

Скандирањето Арис, Арис, ги изнервира Паокарите:
 
Нереди на трибините:

 
 
 
2 октомври 2015 - 10:00