„Можев да прејдам во Челси или Манчестер, но ја одбрав Кина“

Фудбалерот кој заработува повеќе од Меси и Кристијано Роналдо

Кога имал две години татко му ги оставил, а мајка му заработувала многу малку како хигиеничарка. Но фудбалот му го правел среќно детството. Поради кавга со тренерот на Бока како дете три месеци го напуштил фудбалот и учел за електричар.

Пари со вреќи да ги носиш

На почетокот на декември, хакери од групата Football Leaks објавија чудна вест од хакнатите документи: Најмногу пари во светот на фудбалот заработува Езекиел Лавеци - аргентинскиот напаѓач. Него наскоро ќе го надмине Карлос Тевез кој исто ќе оди во Кина за страшни пари.

Тој во февруари 2016-та од ПСЖ замина во Кина и потпиша со тимот Хебеј Чајна Форчун (7. место на табелата). Неговата плата изнесува 2,3 милиони евра месечно! За 23 месеци во Азија, Езекиел ќе заработи 53,2 милиони евра.

„Можев да преминам во Интер, Челси или Манчестер Јунајтед, но ја одбрав Кина. Да останам во Европа беше едноставно, а овде ме убеди моќниот проект на клубот и да бидам искрен - финансиското прашање“, призна потоа Лавеци.

Сите удобства на Лавеци му ги плаќа компанијата China Fortune Land Development која што ги купила акциите во клубот пред една година кога тимот влегол во првата кинеска лига. Аргентинецот има среќа и што за неколку месеци тренер на клубот стана Мануел Пелегрини а соиграчи му се Жервињо и Гаел Какута.

Лавеци живее во Цинхуандао, луксузен округ на 300 километри од Пекинг. Државниот совет на Кина го смета овој град во класата А, како еден од полуксузните за живот.

На десет меча во кинеското првенство Лавеци имал само две асистенции. „Од време на време размислував да го напуштам фудбалот, живеам во средина на луѓе со различни интереси и знам дека нема да останам во спортот по завршување на кариерата“, изјавил Лавеци.

Во едно интервју Лавеци раскажал дека понекогаш се чуствувал разочаран од кариерата, посебно од етапата во ПСЖ. „Не ми се допадна француското првенство, таму имав проблем со мотивацијата поради што изгубив место во тимот. Дури и во Италија ми беше поинаку. Таму постојат 8 големи дуели во сезоната, а во Франција само два“, признал Езекиел за проблемите во Париз.

Во Кина пак сите дуели му се демотивирачки.

Само Лавеци смее да го фати Ибрахимовиќ за носот

И покрај многуте разочарувања, Лавеци никогаш не ја изгубил смислата за хумор и смеење. Неговата оригиналност достигна врв на СП 2014-та кога на мечот против Нигерија при резултат 3:2 селекторот Алехандро Сабеља беше многу нервозен и гласно им даваше инструкции на играчите. Езекиел во еден момент го испрска со вода за да „се оладел“. Сабеља чудно не се налути нити навреди, туку продолжи да зборува.

„Беше многу немирен и викаше, а јас ја смирив ситуацијата. Тренерот треба да е навикнат на вакви шеги“, рече напаѓачот. Лавеци е воедно и единствен човек на светот кој го фатил Ибрахимовиќ за нос, а после дербито против Олимпик Марсеј во Лига 1 го сопна и камерманот на француската телевизија.

Ферски, на следниот меч му се извини на камерманот Боци и му го подари дресот:

Циркус правеше и при посетата на репрезентацијата на Аргентина во Ватикан кај Римскиот Папа Франциско каде седна на неговиот трон додека се сликаа.

За време на Мундијалот 2014-та Лавеци стана главна мега-ѕвезда после Меси. Се започна кога на еден натпревар Езекиел се спремаше да влезе во игра и додека го облекуваше дресот го покажа мускулестото тело и сите тетоважи. После овој настан на Фејсбук се отвори група „Движење за тоа Лавеци да игра без дрес“ која има 370.000 следбеници.

Лавеци има 18 тетоважи. Има револвер, ликот на Марадона, амблемот на Росарио Централ, пет кинески симболи со иницијалите на најблиските, имињата на синот и мајка му и многу други.

Како го завикале El Pocho?

За познатиот прекар Почо вели: „Во детството имав куче кое го викав Почо. Кога кучето ни умре, брат ми продолжи мене да ме нарекува така а прекарот го прифатија и останатите и така го задржав“, се сеќава Лавеци.

Во 2009 година во родниот крај Виља Гобернадор Галвесе отворил хуманитарен фонд којшто им помага на децата од сиромашни семејства од 4 до 15 години.

„Почо“ Лавеци и самиот растел во сиромашно семејство: мајка му работела како чистачка, а татко му ги оставил кога Езекиел имал две години. „Мене ме воспита и ме издигна мајка ми. Понекогаш немавме ништо за јадење освен стар леб и мате. Но не можам да кажам ништо лошо затоа што имав среќно детство“, памети Лавеци како живеел без пари.

Првата надеж за убава пара Лавеци ја добил на 15 години кога некој менаџер го поврзал со италијанскиот клуб Пескара, но поради бирократски проблеми со пасошот, во Европа не се задржал долго. Му паднало криво, бил тажен и се вратил дома каде ја слушал мајка му како му зборува да најде нормална работа и да учи школо.

Да не бил фудбалер, ќе бил електричар

Во целата фамилија не го обесхрабрувал само брат му Диего. Тој инсистирал Почо да проба одново се додека некаде не го примат. Езекиел го послушал и отишол на проба во Боока.

„Во Буенос Аирес поминав три месеци, но поради кавга со тренерот се вратив дома“, рекол Лавеци.

Тренерот на Бока Јуниорс го ставал Лавеци на позиција полушпиц со број 8 а Езекиел сакал да игра само во нападот и не се согласувал со замислата на стариот тренер. Полесно му било да го батали фудбалот отколку да игра полушпиц.

Во следните три месеци воопшто не играл фудбал и почнал да учи занает за електричар. „На среќа добив покана за проба од Естудијантес каде задоволив, потпишав договор и првпат станав професионалец. Бев многу среќен“.