колумна

Финалето во Лисабон од мој агол

Лисабон ми беше трето финале, ама неколку месеци уназад, уште пред да се знаат финалистите имав некој осеќај дека ќе биде посебно.

Посебно пред се заради тоа што, за разлика од Минхен или Лондон, никад претходно не сум бил у Португал, па припремите имаа посебен драж. Кога пред неколку недели се дозна дека финалисти ќе бидат Реал и Атлетико, а ќе играат на стадионот на бројчано најголемиот клуб на светот, стана јасно дека сите предуслови за добар провод се исполнија. Самиот факт што историски, за првпат се среќаваат екипи од ист град ја заокружи прекрасната фудбалска слика.

Лисабон е прекрасен град од секој можен аспект. Од туристички програми, преку добра храна, ефтини пијачки, а богами и згодни жени... и тоа како згодни. Не знам зашто имав предрасуди дека жените у Португал се ружни исто како оние у Шпанија. Да сум ти бил у заблуда. Локалната лепота, увозот од Африка и бившата им јужноамеричка колонија прават Лисабон да изгледа као ревија на Викторијас Сикрит у споредба со било кој шпански град. Башка е само на некои 500 километри од Мадрид па за викендот нагрнаа ни мање ни више - околу 200.000 Шпанци у надеж дека ќе најдат карта за утакмица. Иако сумњам дека имаше такви кои сакаат да ја продадат у муабет со луѓе по Лисабонските кафани запознав и такви кои беа спремни да платат и до 1600 евра за истата.

Очекував дека заради тоа што е градско дерби од навивачки аспект ќе биде тензично и дека низ Лисабон ќе има бркотници и макљажа па ќе пукнеме и малце сеир ама од тој аспект дербито не ги оправда очекувањата. Навивачите уопште не се групираа, па на улица можеа да се видат групи другари у кои пола се облечени у дресови на Реал, а пола на Атлетико. Не ретко можеше да се видат чак и парови кои се држеа за раце, едниот у црвено-бел дрес, а другиот во бел. Очигледно дека онакво, право ривалство и воопшто не постои во Мадрид. Барем не измеѓу овие два клуба.

Друг мит кој падна у вода е причата за тоа како Атлетико е клуб на сиромашните и на потлачените класи додека Реал е на Мадридската аристократија. И тоа е најголема глупост. Можеби некад и било така, може и денеска просечен навијач на Реал е бољестоечи од просечен навијач на Атлетико, али со текот на времето тоа толку се измешало, што денеска на пример (пази ја иронијата) идниот Крал на Шпанија, Принцот Фелипе од Астуријас е навивач на... Атлетико Мадрид. Ако веќе сте идеалист и барате таков работнички клуб во тој град, треба да пројдете во населбата Ваљекас, кај што игра Рајо Ваљекано, па во Мадрид да ги осетите тие идеали против модерниот фудбал. Вистина е дека денес Реал е многу побогат од Атлетико, ама не заборавајте дека причината за тоа не се општествените слоеви него лошиот менаџмент на црвено белиот клуб со децении во ерата на Хезус Хил (син му и денес е директор на клубот).

Традиционално како секогаш наназад (јеби га коа Вардар нема капацитет да игра таму) избрав да навијам за послабите. Не заради причата богати против сиромашни него затоа што фудбалот што Атлетико Мадрид го игра со Симеоне стварно ми е спектакуларен. Да гледаш како одбрана почиња со шпицовите и како се игра пресинг 90 минути на секоја позиција на секој играч, со ентузијазам како да од тоа ти зависи животот, секоја утакмица ја прави празник за очи. А башка да се стигне до таму со буџет околу 4 пати помал од оној на противникот е подвиг достоен за респект.

Естадио да Луж или Стадионот на Светлината е навистина прекрасен. Стрмен, па кај и да седиш имаш претстава дека си блиску до терен. Иако и двата клуба добиваат еднаков број на карти, беше очигледно дека Реал има повеќе навивачи од Атлетико, ама и дека оние црвено-белите се далеку постраствени и погласни. Со срце, дланки и грла ја покрија бројчаната инфериорност.

За фудбалот не сум некој голем стручњак да зборам ама се виде дека Симеоне ја еба работата со Диего Коста. Надри лекаркана од Србија ништо не напраила со плацентата од кобила. Секој што еднаш у живот потрчал по топка знае каква е таа повреда и дека е потребно многу повеќе отколку бајачка за да можеш да се вратиш на терен у толку краток период. Тој свеж играч и тоа како добро ќе му дојдеше на Симеоне у последните минути од судиското продолжение. У Атлетико, Тиаго и Габи играчишта, со целосна контрола на терен, додека Кедира жив промашај кај Анчелоти и Реал. На најслабата карика и беше дадена најодговорната задача. Требаше Иско да влезе и да проработи у комбинација со Марсело за да се воспотави рамнотежа у клучните делови на теренот.

Покушавам да најдам зборови да ја доловам атмосферата кога Серхио Рамос го постигна изненадувачкиот гол, ама реално е неописиво. Од екстаза на една страна, до колективни лелеци и плач на другата... И све тоа испреплетено низ цел стадион. Во продолженија се виде дека стилот на игра на Атлетико си го зема својот данок. На моја жал, а ваљда и на сите неутралци, сиромашките не можеа да стојат на терен, а камо ли да потрчаа. Кога го примија вториот гол, беше јасно дека нема враќање па како да и они чекаа да заврши тоа мучење што побрзо. На крај, на голема жал на вистинските љубители на фудбалот, пораз на Атлетико.

Ми беше криво за нив. Ми беше криво затоа што Реал ќе добие шанса да ја освои Лигата на Шампионите веќе у наредните неколку години... Ќе играат едно финале, ќе изгубат, па ќе играат уште едно и уште едно... За Атлетико ова беше единствена шанса. Шанса за која чекаа 40 години. За наредната најверојатно ќе треба да чекаат уште толку.

Наредната година е Берлин. Оние што ме знаат, сфатиле каква одбојност осеќам према све што е германско. Да се игра во Германија е сосема доволно. Германски екипи ќе бидат вишок.

Таки Бошкоски