ФИФА 2015, сериозно набилдана ФИФА

Со новите елементи за фудбалчето, ЕА Спортс конечно ги замолчи и најупорните критичари. Меѓу новитетите во ФИФА 2015 најголем впечаток оставаат дури 600 природни емоционални реакции на играчите по секој фаул, промашена шанса, лизгачки старт и лошо додавање. Говорот на телото на фудбалерите ќе биде најреален досега, затоа што сите 22 играчи на теренот ќе покажуваат разни емоции во однос на играта. Новост е и употребата на модерната технологија за проверување дали топката ја минала гол линијата.

Официјалната презентација на видео играта за Европа е предвидена за 26. септември годинава во Белгија.

7 август 2014 - 15:18