Таг: еа спортс

Раскинаа ФИФА и ЕА Спортс

ФИФА би сакала да почне да се гледа со други (за повеќе пари) и одлучи да ја раскине ексклузивната соработка со ЕА Спорт и да го тргне своето име и лого од нивните игри.

ФИФА 2015, сериозно набилдана ФИФА

Со новите елементи за фудбалчето, ЕА Спортс конечно ги замолчи и најупорните критичари. Меѓу новитетите во ФИФА 2015 најголем впечаток оставаат дури 600 природни емоционални реакции на играчите по секој фаул, промашена шанса, лизгачки старт и лошо додавање. Говорот на телото на фудбалерите ќе биде најреален досега, затоа што сите 22 играчи на теренот ќе покажуваат разни емоции во однос на играта. Новост е и употребата на модерната технологија за проверување дали топката ја минала гол линијата.

Премногу играње ФИФА не е на арно

Некои тренери забрануваат секс пред натпревар, некои забрануваат алкохол, Паоло ди Канио забрани лед во Кока Кола и кечап и мајонез, а тренерот на англискиот третолигаш Лејтон Ориент на своите фудбалери им забрани да играат ФИФА 14.

Играта која ја чекате

ЕА Спортс го објави трејлерот за FIFA 14, играта која со нетрпение ја очекувате и која ќе има 33 лиги, повеќе од 600 клубови и 16.000 фудбалери. Трејлерот дополнително добива на „тежина" со гласот на Патрик Стрјуарт.

ФИФА против ФИФА 13

Фудбалската федерација на Холандија ќе испрати официјална молба до ФИФА со која ќе се бара нивна реакција и барање за промена на начинот на кој фудбалерите реагираат на судиските одлуки на игрицата ФИФА 13.

Германија ќе го освои ЕУРО 2012

Нема потреба да го гледаме Европското првенство. Германија ќе биде шампион. Барем така вели симулацијата на „ЕА Спортс", а нивните прогнози во минатото се покажаа како точни.