Фердинанд се посрамоти со барањето сожалување

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд ги испровоцира фудбалските фанови од кои преку својот Твитер профил побара да го жалат затоа што новогодишната ноќ ја поминува во хотел.

На првиот ден од новата година, Манчестер Јунајтед одигра натпревар против Виган, па фудбалерите немаа шанса да ја прослават „најлудата ноќ". Наместо тоа, тие беа приморани да одат рано на спиење во клупскиот хотел.

Еден од нив е и дефанзивецот Рио Фердинанд кој на последниот ден од старата години преку својот Твитер профил побара од неговите фанови да помислат на него и како тоа додека тие се забавувале на новогодишната ноќ, тој морал да спие во хотелот.

Фердинанд има 3,7 милиони следбеници на Твитер, по што веднаш доби илјадници коментари, а повеќето од нив беа негативни.

„Сигурно имаш многу тежок живот со неделна плата која е поголема од нашата годишна заработувачка", беше еден од коментарите, а друг му пиша „Ќе помислиш ли ти на другите луѓе кои едвај преживуваат, а ти заработуваш 80 илјади фунти неделно?"

Неколку часа подоцна, Фердинанд мораше да се вади, па напиша дека само се шегувал, а луѓето кои го критикувале биле будали.

3 јануари 2013 - 13:43