Таг: рио фердинанд

Убав лаф муабет меѓу Рио Фердинанд и Гвардиола

Во емисијата Rio Meets, некогашниот врвен стопер на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд интервјуира најголеми ѕвезди, од Хари Кејн, Вејн Руни и Герет Бејл, па се до Флојд Мејведер, Томас Тухел и Жозе Мурињо. Сега ред му дојде на Пеп Гвардиола кој искрено и отворено кажува за неверојатната серија која што ја има Сити.

Само да ги видите Рио, Линекер и Ходл во студио

Немаше спортско студио синоќа кое го пренесуваше и коментираше полуфиналето Ајакс - Тотенхем а да не полудуваа внатре коментаторите. Најблесави беа Рио Фердинанд, Гери Линекер и Глен Ходл.

Фердинанд: Нема да спијат вечер фудбалерите на Ливерпул

Двете легендарни англиски фудбалски имиња синоќа урлаа на голчиштето на Меси постигнато против англиски тим. Тука не се работи за навивање за едниот или ситење против другиот, туку за воодушевување за тоа што го прави овој немилосрден човек во Барселона.

Емотивен расказ за лавовската битка на Рио Фердинанд

БиБиСи сними документарец во кој некогаш најдобриот стопер во Европа и капитен на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација раскажува колку му се сменил животот по смртта на неговата сопруга Ребека после што останува сам со трите деца.

Рио Фердинанд, сабајлечки

Да ти биде Фергусон тренер 12 години, потоа во пензија или ќе се пропиеш и ќе откачиш или пак навикнат ќе тераш по старо со дисциплината која тој ја бараше од играчите. Англија од оваа сезона повеќе нема да го гледа на терен еден од најдобрите дефанзивци кои го имала и кој ако им затреба може пак да го викнат.

Рио Фердинанд му посвети песна на Де Хеа

Ем научил на шпански како да го замоли да не оди од Манчестер во Реал, ем му ја пушти омилената песна на шпанскиот голман Давид Де Хеа.

Кога одбранбен играч вреди злато

Откако Рома одби неверојатни 25 милиони евра од Милан за младиот стопер Алесио Ромањоли (21), тренерот на Росонерите Михајловиќ изјави дека не може јагоди да вредат колку остриги. Дали навистина е така?

Славни фудбалски имиња кои се потенцијални пензионери

Откако минатата сезона збогум на фудбалот му кажаа играчи од калибарот на Пујол, Гигс, Анри, Занети и Раул, им се ближи крајот уште на неколку ѕвезди кои се ветерани. Повеќето од нив се наполнија со трофеи, а за пари не ги жалиме, ќе се снајдат.

Сколс ги трола навивачите на Сити

Легендата на Јунајтед изјави дека тие не знаат да направат атмосфера на натпревар во Лигата на шампиони.

Тренингот на Фердинанд

Не се баш сите фудбалери "даски" во стомаците како фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој неодамна беше сликнат како се релаксира со пијачка, а истовремено може да се пофали и со "коцки" на стомакот.

Фердинанд се посрамоти со барањето сожалување

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд ги испровоцира фудбалските фанови од кои преку својот Твитер профил побара да го жалат затоа што новогодишната ноќ ја поминува во хотел.