Тренингот на Фердинанд

Не се баш сите фудбалери "даски" во стомаците како фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој неодамна беше сликнат како се релаксира со пијачка, а истовремено може да се пофали и со "коцки" на стомакот.

До почетокот на новата сезона во фудбалските првенства нема уште малку време, па затоа можеби најтешката задача на фудбалерите е да ја одржат линијата и кондицијата, а истовремено треба да припазат што јадат и што пијат за време на одморите.

Англискиот репрезентативец нема проблем со тоа, а лекот за да ја одржи формата и тежината ја проналош во секојдневното вежбање. 300 склекови дневно е само една вежба од неговите секојдневни тренинзи, кои не е лошо да ги испробаат и нашите фудбалери.

Рио Фердинанд плус е и голем фан на јогата, која најмногу ја практикува неговиот 40 годишен колега Рајан Гигс. Титулата во Премиер лигата не се брани лесно, но со ваква дневна програма стоперот на Манчестер ќе "гризе" на теренот и во новата сезона.

-Загревање со велосипед – 20 мин.

-Склекови – 6 серии по 50 пати.

-Вежба за гради – 6 серии по 8 пати.

-Кревање на мускули – 6 серии по 10 пати.

-Вежба за грбни мускули на ЛАТ Машина – 4 серии по 10 пати.

-Кревање тегови за бицепс – 4 серии по 10 пати.

-1 минута стоење во положба за склекови и 1 минута одмор – вкупно 10 минути.

-Скокање преку препреки.

14 јуни 2013 - 11:44