Диего Форлан најголема утка во Серија А

Предводникот во нападот на Уругвај ја разочара италијанската спортска јавност и со 6612 гласови е избран за најлош играч во Италијанскиот фудбалски шампион за 2012 година. На второто место следи напаѓачот на Милан, Алехандро Пато.

Од машина за голови во шпанската Премиера каде успешно ги мина авантурите во Виљареал и Атлетико Мадрид, Диего Форлан кој беше претставен како големо засилување во тимот на Интер ја освои најнепосакуваната награда за најлош играч во Серија А за 2012 година. Признанието му до додели интернет порталот „Гуерин Спортиво" во соработка со „Фантагазета" и Тв емисијата „Окејгол".

Уругвајскиот напаѓач доби 6612 гласови или 17% од гласовите, а втор е Алехандро Пато со 11,2% кој разочара со настапите во составот на „Росоњерите", но и подолго време беше надвор од терените поради повреди. Трет е Холанѓанецот Елиа кој по неуспешната година во Јувентус, направи трансфер во Вердер Бремен.

Иако е мета на секојдневни критики, во топ 10 листата го нема Весли Снајдер кој според многумина е далеку од посакуваната форма и за многу кратко време се очекува да си замине од Интер. На четвртата позиција е Мауро Ѕарате кој по позајмицата во Интер, направи кам бек во Лацио, но речиси и воопшто да не добива шанса за настап.

Топ 10 листа на најслаби фудбалери во Италија за 2012 година:

1.Диего Форлан (Интер)

2.Алехандро Пато (Милан)

3.Ељеро Елиа (Јувентус)

4.Мауро Ѕарате (Лацио)

5.Алберто Варгас (Наполи)

6.Жибрил Сисе (Лацио)

7.Милош Красиќ (Јувентус)

8.БакајеТраоре (Милан)

9.Рикардо Алварес (Интер)

10.Хозе Ангел (Рома)

18 јануари 2013 - 13:25