Чиста сметка долга љубов, Мурињо останува до 2021 година

По завршувањето на тековната сезона во јуни, на Португалецот ќе му останат уште две години од договорот со Челси. Сепак и тој и клубот сакаат да ја продолжат успешната соработка со нов договор.

Минатата сезона, Челси не освои ниту еден трофеј, но затоа годинава сериозно претендира на три. Сините имаат предност од седум бодови пред Манчестер Сити во Премиер лигата, имаат гол во гости пред реваншот со ПСЖ од ЛШ (1:1), како и закажано финале во Лига Купот против Тотенхем, прво од 1. март 2007 година.

Еден од најзаслужните за успешната пловидба на тимот од Лондон сезонава сигурно е „Специјалниот“. Договорот на Португалецот истекува 2017. година, а тој сака да го продолжи на уште четири години. Идентично размислува и управата, која нема ништо против Мурињо да биде тренер до 2021. година.

Во меѓувреме, желба за нов едногодишен договор изрази и капитенот Џон Тери (34), на кого на крајот од сезоната му истекува договорот со Челси.

„Ќе бидам среќен со уште една одиграна сезона, а потоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Немам многу избор. Добро ја знам состојбата во клубот, верувам дека тие ги ценат моите настапи  и ќе ме задржат макар на уште една година“, искрено констатираше Тери за новиот договор со Челси.

Мурињо веќе изјави дека нема сомнеж дека клубот ќе му понуди на Тери да остане, а Португалецот веќе барал посебен режим и дозирање на тренинзите за Тери, како би останал во подобра форма.

Капитенот Тери додаде дека Курт Зума и Гери Кејхил буквално гинат за секоја топка на тренинзите и тешко му е да игра стандардно во таква конкуренција.