Таг: џон тери

На Абрамович му прават нова јахта, 145 метри долга, 430 милиони скапа

Сопственикот на Челси, рускиот магнат Роман Абрамович наскоро ќе заплови со нов дворец на вода каков што досега не е виден во светските води. На некои од неговите претходни јахти летувале само Лампард, Дрогба, Тери и Шевченко. Џон и Френки раскажале за рајот кој го проживеале таму.

Најболниот пенал во кариерата на Џон Тери и цел Челси

Освои 5 титули во Премиер, 4 ФА Купа, Лига на шампиони, Лига Европа, долги години беше капитен, икона со преку 500 настапи за Челси и најдобар стрелец меѓу дефанзивците во историјата на овој клуб. Ама едно лизгање ќе го прати цел живот.

10 играчи кои принудно облекоа ракавици наместо исклучен голман

Нема апарат кој може да го измери задоволството на неутралните гледачи кога играч под морање облекува ракавици зошто голман е повреден или исклучен, а екипата нема веќе право на измени.

Астон Вила е нов премиерлигаш и ќе заработи 160 милиони фунти

Во игра на нерви, клубот од Бирмингем го совлада Дерби Каунти на Френк Лампард и после три сезони се враќа во елитното друштво, подвиг за кој ќе добијат огромна сума на пари.

Незапамтена случка во англискиот фудбал, Биелса постави стандарди

Во Чемпионшип како по обичај се води голема битка за Премиер лига. Во 45. коло Астон Вила која е во налет, му гостуваше на Лидс на нашиот Алиоски.

Џон Тери пеачиште

На британското шоу „A league of their own“, поранешниот капитен на Челси и репрезентацијата на Англија ја испеа легендарната „Stand by me“ од Бен Кинг.

Џон Тери со пост на Инстаграм се прости од фудбалот и заврши кариера

Џон е жива легенда на Челси, фудбал професионално играше 23 години од кои само една година се пресели да игра во Бирмингем за да и помогне на Астон Вила да се врати во Премиер но не успеа во финалето на плејофот.

Како Астон Вила го претстави легендарното засилување

По две децении во Челси, легендарниот англиски дефанзивец од следна сезона ќе го гледаме во дресот на Астон Вила каде ќе игра за 60.000 фунти неделно. Англискиот второлигаш топ трансферот го најави на „WhatsApp“, а во чатот учествуваа претседателот на клубот Тони Ксиа, тренерот Стив Брус, дел од играчите и самиот Тери.

Ќе фалат овие момци

Сезоната 2016/2017 ги носи во заслужена пензија: Франческо Тоти (40), Филип Лам (33), Чаби Алонсо (35), Џон Тери (36), Дирк Кајт (36) и Максвел (35). Сите име до име и сите со кариери за почит кои ќе се раскажуваат во книги. Првиот имаше испраќање како Бог, а последниот е рекордер со 37 трофеи. Капа доле за сите вас.

Тери става глава каде што некој не би ставил нога

Иако сезонава беше меѓу резервите, Антонио Конте не е Спалети и му даде 90 минути можност на Џон Тери да го осети Стемфорд Бриџ како што треба, веројатно за претпоследен пат. Тој возврати со гол уште по 22 минути игра и борбеност како да е ова финале во ЛШ.

Еден е Тери

Милан го имаше Малдини, Интер го имаше Занети, Челси го има Џон Тери, еден и единствен со вкупен 22 годишен стаж на Стемфорд Бриџ или што би се рекло цел живот. Си заминува како лидер, легенда и икона на клубот во кој ако имаше место сигурно ќе играше до крај. Емотивен збогум со капитенот.

22 години престој, 22 историски фотографии од капитенот

По вчерашната вест дека го напушта Челси, Џон Тери денеска се обрати со соопштение во кое официјално се збогува од тимот на кој му ја посвети цела кариера. На Стемфорд Бриџ стана тесно за него, ќе бара нов предизвик.

Тери VS Лампард кој прв ќе се насмее

Во комичното шоу Play to the Whistle коешто се емитува на британскиот канал ITV во играта ’Кој прв ќе се насмее’ се пресметаа легендите на Челси. На крајот капитенот покажа зошто е капитен.

Времето кога Рибери играше за Галатасарај, а Матераци за Евертон

Некои познати фудбалери имале авантури за кои малкумина знаат. Рибери имал лошо искуство во Истанбул каде од управата му дошле дома и му кршеле прозори, а Бекам го исмевале во Престон.

Фергусон сакал да го доведе Тери во Јунајтед на 14 години

Кога имал 14 години, Џон Тери заедно со неговиот татко и дедо кои биле навивачи на Манчестер Јунајтед, разговарале со Алекс Фергусон за тој да премине кај нив, но Тери го одбрал Челси.

Колку фали старата школа во англискиот фудбал

Денес кога на фудбалерите им е поважен гелот за коса, изгледот и тоа како ќе одглумат пенал, сè повеќе недостасуваат играчите на кои да влезат со глава каде некој не би одел со нога им беше добар ден.

Капитенската колекција на капитенот

За Џон Тери оваа сезона е последна на Стемфорд Бриџ каде игра од 1998 година. Тој е најтрофеен капитен во историјата на клубот и еден од петмината играчи на Челси со над 500 настапи.

Тери и Челси, како беше?

Џон Тери објави дека на крајот од сезоната го напушта клубот во кој ја помина целата кариера и најверојатно ќе се пресели во американската МЛС лига.

13 чудни фудбалски факти, втор дел

Знаете ли кој играч нема пораз на Емирати, која селекција е непоразена против Бразил, како изгледало финалето од Копа дел Реј пред 36 години и од кој играч на Барса е поефиксен Џон Тери?

Мурињо: Следниве играчи ме разочараа

Неколку пати сезонава, Жозе Мурињо одбиваше отворено да зборува за тоа од кои фудбалери не е задоволен, но пред дербито со Лестер ги откри имињата. Дали тактички за да ги размрда или поради нешто друго ќе покаже дуелот со Лестер.

Во поход по победата број 300 во Премиер лигата

Челси ова коло го пречекува Бурнмут, а доколку настапи Џон Тери ќе има шанса да стане четвртиот фудбалер во историјата на Премиер лигата со оваа јубилејна бројка на победи.

Коинциденција на Стемфорд Бриџ во Лондон

Ѕола, Тери, Вилијан ќе останат запаметени (секој на свој начин) како фудбалери кои допринеле за неколку трофеи на Челси. Но повеќе од тоа ќе ги паметиме по тотално идентичните голови кои ги постигнаа.

Првиот нормален предизвик меѓу фудбалерите

Во рамките на фондацијата Гус Хидинк и неколку други организации се одржува акцијата Shoot for Love во која учество земаа Џон Тери, Раул Гонзалес, Џонџо Шелви, Филип Коку, Цезар Азпиликуета и други. Фората е да погодиш што попрецизно и на тој начин да ги зголемиш донациите во борбата против ракот.

Тери и Ешли Кол за 10 години

Претпоставка, како би изгледале некогашните соиграчи од Челси и англиската репрезентација за 10 години.