Нефер, медицино, нефер

Откако знаеме за себе, докторите нè потсетувале да дојдеме "на гладно срце" кога даваме крв за проверка. Сега викаат: Па, и не мора баш.

За огромен број луѓе, сосема е сеедно дали јаделе или не пред да отидат на лабораториска проверка на крвта. Исклучок се само дијабетичарите и оние кои веќе имаат високо ниво на триглицериди (над 400 милиграми на еден децилитар крв). Првите затоа што по правило имаат проблем со триглицеридите.

А единствено тие, триглицеридите, реагираат брзо и тоа на мрсни оброци па за такви случаи се препорачува старото добро "гладно срце'.

За остатокот од луѓето, сосема е сеедно дали имале пристоен појадок пред да заминат во лабораторија бидејќи резултатите од испитувањето на крвта нема значајно да варираат.

Канаѓани решиле да ги испитаат овие односи и на статистички примерок од 200.000 пациенти кои проверувале холестерол утврдиле дека јадењето пред тестирање може да ги промени резултатите на LDL (таканаречениот лош холестерол) за 10 а на триглицеридите за 20 проценти.

Сепак, во последно време, лекарите на запад сè помалку ги земаат во обзир апсолутните износи на одредени вредности и повеќе посветуваат внимание на односот на неколку параметри на крвта. Особено на односот меѓу вкупниот холестерол и тнр добар холестерол. А тој однос значајно не се менува дури и непосредно после јадење.