28 години од трагедијата на Хејсел

На 29 мај во 1985-та година на стадионот „Хејсел" во Брисел загинаа 39 навивачи пред одигрувањето на финалето од Купот на европските шампиони помеѓу Јувентус и Ливерпул.

Трагедијата на стадионот Хејсел во Белгија се случи кога навивачите на Ливерпул ја пробија оградата и ги нападнаа навивачите на Јувентус. По масовната тепачка се сруши и дел од трибината на стариот стадион изграден во 1930-та година.

Црниот биланс на трагедијата беше 39 загинати и 580 повредени навивачи.

Натпревар сепак се одигра со задоцнување од час и половина, а Јувентус го победи Ливерпул со голот на Мишел Платини од пенал.

Фудбалскиот клуб Јувентус и Мишел Платини денес на новиот стадион во Торино го открија спомен обележјето на жртвите кое е составено од 39 ѕвезди, по една за секој загинат.

29 мај 2013 - 12:02