Вратете ја енергијата со новите Фини – Мини супи и освојте iPhone11

Течна е, но не ја пиеме. Топла е, но не се готви. Што е тоа? Фини - Мини супа, се разбира. Отсега во ново, помодерно издание. Побарајте ја својата омилена супа во нова амбалажа и учествувајте во големата наградна игра!

Тајната на совршената супа е во изборот на вистинскиот зеленчук, месо и зачини и секако, во должината на готвење. Но, понекогаш тајната е едноставно да се посегне за Фини - Мини супа. А омилените супи Фини - Мини одсега се на полиците со нов, помодерен дизајн. Пронајдете ги во блискиот маркет, купете три супи од било кој вкус, фотографирајте ја фискалната сметка и пријавете се на веб - страницата fini-mini.mk. Испратете фотографија од фискалната сметка и пополнете ги полињата за лични податоци (име, презиме, адреса, е – меил и број на телефон) во онлајн формуларот за пријавување. Играјте за главната награда iPhone 11, како и за останатите награди: 1 х Go Pro HERO 7 Black, 3 х JBL CHARGE 3 Stealth Edition, 5 х Beats - EP On-Ear Headphones. Наградната игра трае од 30.10.2019 до 20.12.2019 година, а извлекувањето на наградите ќе се одржи на 25.12.2019.

На прв поглед, веќе на сите им е јасно дека Фини – Мини супите се подготвуваат без готвење и дека нудат вкусен и брз оброк, преполн со неодоливи и вкусни состојки. Новиот дизајн носи со себе и нови, подобрени рецепти, без конзерванси и без додадени подобрувачи на вкус. Можеби говедската и пилешката се првата асоцијација кога некој ќе спомене супа, но ништо помалку не се застапени во нашите чинии и вкусовите на печурки, тиква или пак изненадувачки добрата комбинација од спанаќ и сирење.

Фина супа 1,2,3!

Бидејќи, не секогаш имаме време да сецкаме целер, моркови и кромид на совршени парчиња, да подготвуваме домашни тестенини и кнедли, или да стоиме покрај шпоретот додека супата не ја постигне бараната густина и вкус. За среќа, со супите Фини - Мини, помалку време не значи и помалку вкус! Едно пакување супа Фини-Мини, два децилитри топла вода и три минути трпение е се што ви треба за да уживате во хранлив, вкусен и практичен оброк. Без тенџере, без капак, па дури и без кујна. Едноставни и брзи за подготовка во секоја прилика, со Фини – Мини супите едноставно е да се биде во тренд, а да се ужива во моментот. На работа, на одмор, во природа или на пауза од учење, доволно е само да се истури содржината на вреќичката во шолја, да се додаде топла вода, да се причека само 3 минути и уживањето е загарантирано.

Омилените вкусови на Фини - Мини супите носат задоволство во шолја, во секоја прилика.

Затоа што секој сака да ужива во вкусен, топол оброк било каде и било кога, затоа посегнуваме за супите кои ги карактеризира едноставна и брза подготовка, во практично пакување. Секој може да ја направи Фини – Мини супата, од почетник во кујната, до вработен татко кој сака да ги изненади домашните, па сè до модерната баба која и тоа како си го цени своето време.

Супите Фини-Мини се супи за секој џеб, затоа што благодарение на нивното пакување и едноставната подготовка, тие можат да бидат со нас на факултет, на патувања по природа, на тренинг или да се користат како ас до ракавот, кога во студентската соба ќе нападне ненајавено гладно друштво. Бидејќи изреката гласи: за секој гостин, една Фини-мини супа е доволна. Паметите? Ајде...една лажица за мама, една за тато, една за баба ... е вака некогаш не наговараа за да ја изедеме супата во чинијата до крај, а ние денес вака делиме Фини-Мини супи. Тиква за мама, кремаст спанаќ со сирење за тато, говедска за баба. Секој си има своја омилена, топла и вкусна супа...подготвена да понуди домашен вкус за само неколку минути.

Добар апетит!

(Комерцијален текст)

31 октомври 2019 - 10:48