Сите кои од 13 јануари до 12 февруари ќе ја посетат страницата www.hbogo.mk ќе можат бесплатно да ја гледаат првата епизода од оваа серија и да се запознаат со HBO GO услугата.
Скопје, 13. декември 2013 – Премиум филмскиот канал „HBO" со гордост ви ја најавува ексклузивната премиера на новата серија „Вистински детектив" од оригиналната „HBO" продукција која премиерно ќе биде прикажана на 13. јануари во 20:05 ексклузивно на „HBO". Новите продолженија ќе се емитуваат секој понеделник во истиот временски термин.
Во оваа драма главните улоги ги имаат Метју Меконахи и Вуди Харелсон, а во неа се работи за двајца детективи од државната полиција на Луизијана, нивните лични и професионални односи за време на 17-годишната потрага по еден убиец со морничав ритуал. Како што се развива мистеријата со текот на времето, која ги менува нивните животи и внесува напнатост во нивното партнерство, секој од нив ја научува цената на илузиите и на одмаздата.
Во 2012 година, детективите на државната полиција на Луизијана, Раст Кол и Мартин Харт треба одново да отворат еден случај на убиство на кој работеле во 1995 година. Додека се развива сегашната истрага преку посебни испрашувања, двајцата детективи ја раскажуваат својата приказна за претходната истрага, одново отворајќи ги незалечените рани и доведувајќи го во прашање решавањето на бизарното убиство извршено како ритуал во 1995 година. Временските текови се испреплетуваат и конечно се спојуваат во 2012 година, кога секој од нив е вовлечен во светот за кој верувале дека го оставиле зад себе. Додека учат еден за друг, како и за убиецот, станува јасно дека темнината живее на двете страни од законот.
Првата епизода на оваа драмска серија, од 13. јануари до 12. февруари, ќе биде достапна бесплатно за сите гледачи во Македонија преку интернет услугата на видео на барање HBO GO. Сите кои во тој период ќе ја посетат страницата www.hbogo.mk ќе можат да уживаат во серијата и во светот на темнината.
(комерцијален текст)