Проверивме и видовме дека сте осигуран и дека за вакви случаи, ви следува отштета од 3.000 евра. А за тие пари ние можеме да ви вградиме каков пенис сакате.
- Па, добро, ставете некаков, рекол збунетиот пациент.
- Е, не може баш така. Ако ставиме преголем, може вашата жена да се повреди. Ако ставиме премал, може ќе се навреди. Најдобро е сега вие да одите дома, да поразговарате со неа и потоа дојдете и кажете што сте одлучиле.
Една недела подоцна, доаѓа тој со жена му.
- Докторе, ние разговаравме и жена ми пресече.
- Добро, што решивте?
- Ќе менуваме плочки во купатило.