ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ГОЦЕ ДА ГО ИСТРЧА СВОЈОТ МАРАТОН!
Битолчанецот Гоце Марковски (роден декември 2003 година) беше опериран
од тумор на мозок во почетокот на декемвриминатата година. После интервенцијата, замина на неопходно пост-оперативно лекување во Германија во Универзитетската Клиника во
Хале. Сепак, лекувањето ќе мора да продолжи и фамилијата има потреба од помош која e неопходна за покривање на ситетрошоци во износ од 50.000 евра.
Заради сериозноста на ситуацијата и патувањето кое на Гоце повторно му претстои во Германија во јули оваа година. Славица Дамјанска (која минатата година за прв пат го истрча маратонот на скопските улици) на овогодинешниот Скопски маратон ќе трча во име на Гоце со цел да се покрене иницијатива за собирање на паричните средства во најкраток можен рок. Поттикната од идејата да му се помогне на ова младо момче, кој е успешен спортист со врвни резултати во пливање на државно и меѓународно ниво, рекреативно се занимава со трчање, одлично свири на клавир и зборува неколку светски јазици, таа упатува апел кон сите:
“Ве молам да ме поддржите во мојата цел да го истрчам Скопски маратон во име на Гоце! Донирајте онолку средства колку што Ви дозволуваат можностите и заедно да му помогнеме на Гоце да го истрча својот животен маратон! Имав чест лично да се запознаам со Гоце и ме воодушеви со својата скромност, добродушност, а пред се оптимизмот и вербате во себе со изјавата “Ќе издржам јас!”
На претстојниот Скопски маратон на 7 мај (недела) Славица ќе трча под реден број 131. Посакуваме на еден од следните Скопски маратони да трчам рамо до рамо со Гоце.
На стартот/целта на Скопски маратон, во близина на Порта Македонија, ќе биде поставен штанд за донирање на средства, како и хуманитарна продажба на различни предмети, како што се уметнички слики, книги, рачни изработки и слично. Неговите соученици од Битола ќе бидат исто така присутни на манифестацијата да помогнат во собирање на хуманитарни средства за Гоце.
Ве молиме споделете ја информацијата и во зависност од Вашите можности, Ве молиме да донирате средства на следните сметки:
– Денарска
Гоце Марковски – Битола
ж-ро сметка 530500020219122 при Охридска банка
– Девизна
IBAN: МК075 3028 0005214009
SWIFT: OHRDMK22
Донациски број за корисниците на Телеком 070 143-122
Донациски број за корисниците на Оне.ВИП 143-487
Можете да донирате и преку следниот линк